неколку (прил.) - километар (имн.)

Во неа никој немаше пристап, дури ни кучиштата, па мршојадите на мира се гоштеваа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Станицата, подигната на само еден до два километра северно од мостот на Црна, Перевото име и презиме ги носеше сè со шеесеттите години, односно сè до подигнувањето на новата железничка станица, во Торојца, неколку километри понасевер од старата, на влезот во Потковицата, кој не е поширок од еден километар.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се надува неколку километри потаму од јужниот ѕид на имотот Акиноски, зад Зедница, веднаш под Драмчески Ливади.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А од Италија по нив стасале неколку километри макарони.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Беше изодел неколку километри по тротоарите и натечената вена на ногата му пулсираше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Тие се јазичиња од пламен на неколку километри оддалеченост.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неколу километри долгиот брег, сиот беше исполнет со хотели, вили, кафеани, со огромна песоклива плажа, низ која се преливаше жолто-златната боја на ситниот песок, кој огромните морски бранови го здробиле во прав.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Погребната поворка, на чиј крај некаде бев и јас, беше од неколку километри.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Впрочем, Тангер беше оддалечен неколку часа; дури и главниот пат на брегот (на кој можеби би имало автобуси) беше неколку километри од плажата, попладнето си одминуваше, а требаше да се вратиме во Американското школо на вечера пред моето попладневно предавање кое, со оглед на темата, во најлош случај ќе биде само неразбирливо за Тангерците во публиката, а не и навредливо. Маргина 34 71
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Така би и во таа темна ноќ кога душата беше претворена во светлина за да го осветлува патот на сина си до границата која го сечеше Езерото на неколку километри од гратчето Подградец Бабата своите внуци, кои сега се оддалечуваа засекогаш од неа со малиот чун во судбинската ноќ на својот живот, ги заспиваше со прикаски и легенди поврзани со блиското Езеро, чии бранови често допираа и до бреговите на нашите соништа, ги вознемируваа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се возеа по шумскиот пат нагоре крај реката цели неколку километри.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
В ред, Пикасо е овде, долу крај брегот, само неколку километри одовде, во посета на своите пријатели од малото рибарско гратче.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)