неколку (прил.) - девојка (имн.)

Уште тогаш, додека сите нејзини соученички веќе имаа момчиња, а момчињата веќе имаа по неколку девојки, таа сѐ уште чекаше да ѝ се случи првиот бакнеж. (Никогаш во животот нема да може да си објасни што е тоа што неа ја задржуваше да тапка неколку чекори зад животните искуства на својата генерација).
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Да, сум имал неколку девојки пред да те запознаам тебе, - одговори Ѓорѓе чувајќи си ја суетата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)