некогаш (прил.) - и (чест.)

Една вечер, доцна, се враќав со метрото од кај „Монпарнас“, каде што тоа е најмеханизирано, зашто за да се префрлиш од еден до друг правец минуваш низ лавиринти некогаш и по еден километар со ескалатори.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таа си помисли, како некогаш и судбината самата знае да ги исправи сопствените грешки.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А денес, ако некој поминува по патот кој води покрај фабриката, зјаат искршените прозорци кои потсетуваат на многуте тажни работнички судбини – од кои некои, во моменти на очај, завршија и со самоубиство…
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работи само чуварската служба, која го чува празниот објект без луѓе, кој немо стои опустошен од [не]човечката алчност и негрижа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ги нема веќе хероите на работничката класа... А дали некогаш и ги имаше, кога се предадоа без борба?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ама, било за да останам, ниеден куршум не ме фаќа. „Некогаш и господ ќе те види и ќе се замеша, велеше мајка, и да не го викаш ќе те побара, ќе застане да те брани.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ова ништо не е, вели Лазор Рогожаров, некогаш и мај знаел да биде со снег.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој знаеше по еден, а по некогаш и по неколку дена од - време навреме да подречува по неколку збора сè за едно исто, како да ги измислуваше, молчејќи, сите свои мисли во тоа молчење, од по неколку часа, а потоа ќе кажеше некому, или напросто себеси, тоа никој не можеше добро да го знае, ќе кажеше што смислил: „Животот ти е цел, еден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Пелагија не беше преокупирана со нереален сон дека некогаш и таа може да има таков стан, знаеше дека во нив ќе дојдат бегалци кои навреме се откажале дека се од онаа Македонија што е зад Кајмакчалан па таа заедно со нејзината Пеличка и Мурџо ќе мораат да го напуштат подрумчето оти и тоа припаѓа на некој од овие станови што се завршуваат и со нејзината мака.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тој имаше цело стадо одбрани сански кози и неколку космати прчови, кај кои секоја есен масовно се носеа козите на оплодување, а некогаш и предвреме поради нестрпливоста на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сѐ понадолу и понадолу, вели, некогаш и пониско од тревата, од калта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)