некогаш (прил.) - заедно (прил.)

О’Хенри13 ПОСЛЕДНИОТ ТРУБАДУР Сем Галовеј неумоливо го отседла своето пони.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Веселбата на погребот се зголемуваше, ако при копањето на гробот за да се стави мртовецот, се најдеа шишиња со вино закопани некогаш заедно со мртовецот, на кого коските му изгниле, а тие останале.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Јас дотогаш понекогаш и си помислував дека и мене може да ми се случи да морам да заминам негде џенем, се разбира ако одлучи татко ти да си замине дома, во Новодеревјановское; жената секогаш е врзана со некој невидлив конец за мажот; ние сме сенки на чекорите на мажите; иако јас и не го прифаќав којзнае колку тоа; мислам на женското почитување ; но не зборувам само за себеси; зборувам за жените; за нивните среќи и несреќи; да, дотогаш помислував оти може да се случи и тоа, да заминеме некогаш заедно кон тоа негово Новодеревјановское; но тој ден, кога на чардакот кај дед Павел ја видов сета онаа церемонија, и оние глави без шапки што се веднеа пред Истокот како пред кандило, сфатив дека на Козаците и на другите Белогардејци им нема враќање, дека тоа никогаш нема да се случи, и дека стојам помеѓу луѓе откорнати од некоја огромна далечина и којзнае како довтасани дури до овде, до чифликот на некој си Турчин кој исто така е откорнат одовде и е фрлен којзнае каде, негде во Азија ли, во Анадолија ли, и тогаш навистина повторно помислив на Војните и повторно во ушите ги слушав проклетите војнички труби без да знам кој со кого војува, кој на кого му копа гроб, кој кого го черечи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дали ќе успее уште еднаш да ги премери силите со оние што почнуваат некогаш заедно со него, но беа поталентирани ли, поиздржливи ли, посреќни, и го оставија далеку зад себе?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Ако сакате, можеме некогаш заедно да отидеме на фудбалски натпревар, но ќе морате гласно да навивате за „Вардар“, инаку ништо не правиме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тоа, како некогаш заедно одевме на лизгање и како ветерот й ги носеше зборовите: „Јас ве љубам, Надењка“, тоа сè уште не е заборавено; за спомен во животот...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На прогнаникот, на кого, иако некогаш заедно учеа, Мајсторот, во ретките средби, му отпоздравуваше со нелагодност.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)