некогаш (прил.) - доцна (прил.)

Дури некогаш доцна тие ги изнајдоа во себе и зборовите и прво прошепнаа по нешто тивко и скришно само за себе, додека по подот си играше одблесокот од вратничката на разгорената печка, која баботеше и потплуснуваше со металот што се усвитува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некогаш доцна можеше да види и едно бесшумно приближување на уште еден тих волк.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не стаса да забележи ни кога над сета Бела Долина налегна топлата темничина на ноќта: тоа го виде некогаш доцна, кога успеа со едно крајче сознание да дофати неколку закискани писоци на онаа проклета гладна дивина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некогаш доцна оние двајца молчеа доста време. Заслушани. - Го разбудивме човекон, - рече Претседателот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)