некогаш (прил.) - во (предл.)

Р.М. изјавува дека, доколку некогаш во иднина му биде пов- торно повредено некое право од работен однос, пак би тужел – сè додека истото не го добие.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Напуштањето на Медицинскиот центар од страна на Р.М. немаше никаква врска со претходно водениот работен спор, туку едноставно се работи за наоѓање ново работно место во градот каде што тој живее. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се раѓаат во тој напор на мислите и во враќањето на настаните нејасни излези, посакувани решенија, пророштва чуени некогаш во цигански шатор, стереотипи на гледачка на дланка, во кои, еве, во некој дел од животот, човек сака да поверува.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таква е сета Рајна, иако е преполовена со шлемови, иако покрај неа има фабрики, градови, иако е без пасторална глетка, сепак во неа има романтика и затоа и денес, како некогаш во приказните, го очекува со загатка секој оној што ќе мине покрај нејзините брегови...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Си се возел ли ти воопшто некогаш во автобус?
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Се повртка меѓу грмушките, како да бараше место за мочање, погледна уште еднаш кон пошумените падини на планината и кога се врати во колата без двоумење праша: - Сте биле ли некогаш во „Црвени петли”? - Што ти се тие „Црвени петли”?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ако постои Бог и ако се појавил некогаш во мојот живот, а тој се открива кога ќе се открие вистинската молитва, тогаш тоа беше кога ми ја одреди мисијата да ја откријам светлината на кадиските сиџили...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Да им се позлати српот, - си прошепна старецот, па ги сврте очите кон ледината над својата колиба, каде што некогаш во неговото вистинско време, пред повеќе од дваесетина години, се брануваа златни жита.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Оној, неодгатлив а пресретнат од сите, недопирлив за рацете, за очите невидлив поминува низ нас а не знаеме кога и каде за да го видиме утредента на божја служба во света Софија, во малтерот закопан, со ореол на Светец; Оној, кој некогаш во мрачните ноќи на Венценосецот до него стоел, или чекорел пред него како штотуку изречена реч што не се враќа повеќе туку само се јавува и гасне како светулката, како пламенот, што ја знае ноќната патека па оди пред тебе, ти го осветлува патот, те поткрепува, те насрчува, те води кон маѓосното утро.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Некогаш во оваа ширина, во оваа прозрачност Кога ќе се извиши една убава куќа...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ако дојде некогаш во Потковицата, со скршени нозе ќе се врати назад, вели Мустафа Салиоски.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сака уште да рече Ние сме Турци и господари, вие каури и раетини, но сите овдека живееме заедно и право е едни на други да си помагаме, но вели, покажувајќи на Јосифа, Јосиф заспа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
ТАША Зар не требаше да изнесам на виделина барем понекое делче од настаните за кои верував дека се случувале некаде и некогаш во мојот живот?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Што ме запираше да го сторам тоа? Дали сознанието дека многу од тие случувања само ме допреле и одминале а за нив ќе дознаев откако ќе беа прогласени за недоразјаснети тајни? Или не ќе да беше така?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Денови кога се запрашував дали пак некогаш во животот ќе го видам него.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Како белег дека некогаш во околината постоеле села останале само црквите – Св.Петка, Св.Атанас, Св.Ѓорги, Св.Јован, Св.Илија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Рајнер го беше посетил и доктор Ауербах, кој некогаш во детството го лечеше од очај, но Фридрих Рихтер и нему му немал кажано дека синот бил посвоен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во засекувањата на воздухот кои ги правеа движењата на Рајнер, во сенката на неговиот поглед, во ехото на неговите зборови, се откриваше нешто што наликуваше на потекување на крв.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога започнав сам да си го вадам лебчето, почнав да гледам еден, друг, многумина кои некогаш во социјализмот, а и денес во транзицијата, „зорле“ работат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Некогаш во тоа знаеше и да претера. Тоа слатко речиси ѝ дојде до глава.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се фаќам некогаш во стапица, како ја изневерувам вистината.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
„Тине, нема да се мажам со конзуло. Ако некогаш во животов се мажам ќе биди САМО за и од љубов.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Татко се вдаде во деноноќно читање на книгите, како некогаш во неговото кадиско време, кога читаше многу книги, а често ги прелистуваше и големите свети книги, за да го најде вистинското и правично мислење, односно пресуда, дури со потврда од Бога.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Макар што потрагата беше при својот крај, требаше уште Камилски да реферира според договорот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во зборовите некогаш во интензивен оптек, и во нивното време, се криеја с уште живи значења коишто не само што можеа да го осветлат некогашниот живот на Балканот туку и некои постојани состојби на човековиот дух.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пејзажот во кој гледаше се појавуваше толку често во неговите соништа што никогаш не беше сосем сигурен дали го видел некогаш во вистинскиот живот или не.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вадеше црвена земја од ридот над куќата, фрлаше во неа малку плева останата од некогаш во шталата, тураше вода, и мешаше.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сте биле некогаш во Јапонија и сте ги гледале Јапонците како работат?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тие ѝ се редеа пред очите, некогаш испревртени, а некогаш во вистинскиот редослед. Најчесто, ноќе. Кога повеќето од болните заспиваа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Си треперела ли некогаш в грло како нож што не знае дали до дршка да се забуца во ленена кошула или свечено да блесне под болнички рефлектори?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе прошетам и вистински по тој стар орев ако се вратиме некогаш во наше место, си ветив на себеси.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Секое лето, некогаш во друштво со бате Иле, со автобус или воз, ги крстосуваше Балканите.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Полето наеднаш се издолжи сè до Плачковица а реката како да ја навлече на себе кошулата на најдолгата влечуга видена некогаш во светот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
1. Сте убивале ли некогаш во животот куче: со секира, со кол, со камен, со пушка?
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Јас те сонив како ангел, како златокрила птица, која лета кон плавите хоризонти на судбината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И ако некогаш во твојот сон, сониш расцутени зумбули, нека те потсетат на нашите пролетни утра, на нашето заедничко време, на нашите часови, во мирисот на зумбулите скриени.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Можеби некогаш во иднина ќе се открие.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Неговата логика беше ако некогаш во Македонија луѓето од сиромаштија ги спасуваа козите, зошто тоа да не можат да го сторат и во времето на транзицијата, кога земјата доживуваше голема економска криза, кога селата масовно се напуштаа, а боgатите пасишта зараснуваа во рлевел.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Настојував, како и некогаш во Тунис, како амбасадор на Југославија, во тогаш невралгичната точка на вратата на Блискиот Исток (Тунис со Арафат и Палестинците), да се ослободам од необјаснивиот притисок.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На тоа му се свртев, со мојата најлоша фаца што некогаш во животот сум ја направила и му реков: - Тргни ми се од пред очи да не те гледам!
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Не, и ако отидеш кога узреат маслините и од глувото пристаниште првиот кораб крене, ако сетиш некогаш во бурјанот на годините како се исчезнува и полека вене.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)