некогаш (прил.) - може (гл.)

Им носат муштерии, а пак сликарите некогаш можат да пијат и на вересија, кога ќе се случи да останат без пари.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Случките имаат свој од, па некогаш можат и да заболат.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Пол Меккартни?! Зар некогаш можев да помислам дека ќе го видам во живо на само дваесетина метри од мене.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Овде тој си се поднасмевна себеси кога помисли дека некогаш можеше да издржи повеќе, а некогаш помалку, но секогаш од тој бран што од слабините ќе го удреше право во челото испливуваше со истата мисла – дека целосно, неповторливо и очајно ја љуби жената што во него ја откри таа жед по нејзината љубов...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Продолжуваше да се искачува, а во исто време некако да тоне во сета таа глува штамовина околу себе, веќе не ни очекувајќи некое полесно пречекорување, веќе заборавајќи на тоа дека некогаш можело да постои и поинакво чекорење, од сето ова запретувањето до половината на снегот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кристијан Марти Менцел, шпански писател El Pais, 18.10. 2008 Албанија е земја во Европа, но некогаш можела да се замисли дека е далеку од нас, колку и Тибет!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На пасиштето големо осумдесет акри, понито со Дантеовска муцка се гоеше, речиси со насмевка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тука имаше храна и место за починка, подобри отколку што некогаш можел да ги замисли.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Толкава сила некогаш може да има соодветен прекор!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Благодарение на великодушниот придонес на петербуршката клима се разви болест побргу отколку што можеше да се очекува и кога дојде докторот, откако му го измери пулсот, не се сети ништо да стори освен да му препише топли облози, единствено колку болниот да не остане без благотворната помош на медицината; а меѓутоа, истовремено му најави сигурен крај за ден-денипол.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се прашуваше, како децата воопшто некогаш можат да им простат на оние горе, на тие високи, налудничави диктатори...
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)