некако (прил.) - настрана (прил.)

Со сивата паларија со црн ширит што започна да ја носи уште за време студиите во Цариград кај блиските по мајчина линија уште во дваесеттите години на веков, а од која не се одвојуваше до крајот на животот, со црната службеничка чанта преполна со книги, стари отомански списи, остануваше некако настрана од овие луѓе, забрзани во животот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во на се вселив сосем случајно во јуни таа година кога еден мој пријател, а само пријател тоа може да го направи, откако доби поголем стан преку жена му, едноставно ми овозможи да се вселам со тоа што ми го даде клучот а меѓу нас падна договор сето тоа да остане некако настрана од ушите на злобниците.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)