некако (прил.) - вака (прил.)

Носеви Средбите меѓу мене и Дејан одат некако вака: седиме на ѕитчето спроти графитот и ги јадеме сендвичите што ми ги носи дедо ми.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Состојбата на современата свест можеме на таа основа да ја збиеме некако вака: веќе од ренесансата наваму дел од „духовната елита“, litterati-те, почна да размислува формално-калкулативно наместо дискурзивно-историски и започна да се изразува во алгоритми наместо во литературни текстови.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тоа нешто изгледа некако вака: замислете си човек што е роден глув и слеп, што го минал животот на овој свет во тишина и темнина, кој никогаш не видел светлина, не го видел синото небо, или не видел расцутена градина, или не слушнал како пее птицата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но, на завојот не можам да заборавам бидејќи се чувствувам како да имам залепено огромна топла топка снег среде лице или како носот да ми го откорнала парче перница додека сум сонувала нешто.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)