некако (прил.) - поинаков (прид.)

Тешко се наоѓа сопствената куќа; и таа станала некако поинаква, портата од дворот како да води некаде другаде, дури влезната врата ја враќа сигурноста: конечно сме се извлекле од влажниот хаос, сме се вратиле во сигурноста на јасните предмети.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Но, зошто е некако поинаков?
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Сме го слушнале илјада пати, ама овој пат е некако поинаков.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Го зафати некое неспокојство. Чувствуваше дека нешто се случува со Марија. Со нејзините нерви. Беше некако поинаква...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Беше некако поинаква од сè што досега сум гледал.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Лобо: Не знам, но кога те гледав во филмот на татко ми, тоа толку ме возбуди (Гестикулира со раце)...мислам, самото гледање некако ме запали.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во себе пресметувал колку е помлад од покојникот, уште колку му останува да се поживее.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се ближел заод некако поинаков од другите до тој ден, како тежок, како мртов сон - до бескрај се шири и сѐ околу себе дави пепелава поплава без јасни сенки, слаба темница што ни се враќа во коритото на секнатиот ден ни прераснува во ноќ.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Презирот на сончевата насмевка е некако поинаков, не баш мајтапџиски.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)