некако (прил.) - го (зам.)

Прашината споро лебди во пеколот на пладнето, К* мисли, се испотив, чувствува со целото тело, потта му се испарува од кожата, тоа некако го лади, К* мисли, треба да ја сменам маичката, се обидува да мисли К*, што тоа сакав, погледот на К* залутува кон кучето во длабочината на улицата.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Вториот проект во план е перформанс на Дојранско езеро, некако да се обележи тоа исчезнување, таа игра на простор и непростор... Дали те мачи проблемот, што јас некако го согледувам, дека твојата креација страда од она што Авицена го нарекува не-гледање?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Трајко се извалка во угарта, а Куле, некако го грабна коњот за узда и му се исправи на Адемаг — Чекај, бег, чекај, чекај да се разбериме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Или зошто служи ова овде“, го држеше далечинскиот управувач што некако го беше зела од Луис.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Можеби на некој вечно неодреден начин, се надеваме да привлечеме и други: поточно, да ги измислиме или да ги откриеме другите кои сѐ уште ги нема - но кои тоа веќе некако го знаат а можеби знаат и повеќе од нас.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Вплеткувањето на другиот, кого можеби веќе не смееме да го нарекуваме „читател”, е нужен иако секогаш неизвесен против-потпис. Тој секогаш мора да биде непретпоставлив.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А кога некако го заврши школото во гратчето, никако не му се остануваше да пасе добиток или да ора нива, туку запна да продолжи со учењето.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
По пауза, таа пак фрли поглед нагоре по реката и некое време го подзапре таму додека не си ги прелапна усните и некако го врати погледот пред себе.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Мама на престол Роденденска На село има еден момент кога сонцето заоѓа и одеднаш сѐ стивнува, како заспано дете, како кафана по фајронт. Мир кој човек мисли дека некако го заслужил.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Понатаму мораа да кружат низ Калифонија кога стомакот веќе ѝ се познаваше и сѐ што им беше останало беа нивните црни кожени јакни и накитот од сребро и тиркиз којшто некако го стекнаа во Галуп или Флагстаф.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Далтон непрестано зборуваше за комплетот тапани и тврдеше дека тие всушност се негови, па ги продадоа во Рино и живееја на четирисеттиот кат во еден стар хотел со поглед на планините.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Три недели се служеа со room service и за тоа време таа престана да повраќа.После тоа возеа низ Невада уште некое време додека комбето пак не се расипа на другата страна на државата. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 163
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Така е раширена веста за „Танјуговата“ фотографија – трогателна, но без рана, физичка болка, крв, - која некако го разнежуваше ужасот од хорор-епизодите на Апокалипсата, кои кружеа меѓу вознемирените групи луѓе, во пижами, маички, собрани пред шаторите.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ги правам од жици приклучени на мотор што некако го искривувам и потоа ги цртам со разни нијанси на флуоресцентни бои, тие се вртат со светлата на нив, и ги добивам овие прекрасни, меки, блескави бои во кои гледате.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И сѐ така, некако го наговоривме. Дојде човекот. И убаво отпеа, за право. Јачи црквата, се нишаат иконите, свеќниците.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Смешно е да цицам смола и да чекам некое утре.“ (Некако го измолив од тебе овој стан и овој стар кревет, мислеше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ми даде и топломер и јас некако го пикнав под мишка.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Имав и мајка, и татко, и брат, и сестра – одговори Арслан и некако го скисели лицето.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Едо основното некако го истурка, но да продолжи не сакаше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Коте, после неколку повторни палења, одвај некако го допушти лулето.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Зајачето Шарко цврсто се фати со шепите за стапот и двете Зајачиња некако го извлекоа од дупката.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Сето тоа некако го издржувавме.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Дора почна бавно да јаде, но сѐ некако го избегнуваше парчето салама.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Добро, тоа некако го разбирам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ги напоил и веднаш потоа едниот вол му пукнал. Другиот некако го спасиле.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Го вратив назад, го преврзав, беше незгодено за преврзување, ама некако го сторив.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Светиот Архангел Михаил беше насликан со хартија во левата рака, ама со меч во десната, и тој пусти меч некако го разбуди ибн Бајкота.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Знаев јас, ги имав слушнато ловџиите, пријателите на моите, кога раскажуваат разни возбудливи ловечки приказни седнати крај нашиот камин и многу ми беше јасно дека е неразумно што се оддалечуваме од куќата, ама не знам зошто, сè некако го одлагав враќањето.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дена ми помагаше во тоа одлагање, сета восхитено од роевите светулки низ воздухот, од роевите ѕвезди на небото, од отсјајот на месечината во потокот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)