некаде (прил.) - тука (прил.)

Арно се сеќавам: меѓите со она село што го гледате зад блатово ни беа некаде тука; ако некому му се скршеше ралото стигаше неколку чекори да направи и да земе рало на заим од комшијата ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Осеќавав, макар да бев тргнала најблиску да одам, макар да сум заодела да слезам само до водата на езерото долу, да, осеќавав, велам, дека тој е некаде тука близу.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Мислиме, тој е некаде тука во нашето навидум безбедно сеќавање.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Таа добро знаеше дека Татко е некаде тука, во сите негови книги, небаре не е постојано во смртта.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Бил отсекогаш еден човек, којшто си бил достатен на самиот себе, и кој ниеднаш не бил свикнат да бара од другите нешто повеќе, освен да бидат некаде тука, крај него, секој за себе зафатени во своите грижи, многу често други и незабележувани од него, а тој ниеднаш немал потреба да ги побара, или пак да помисли на себе си вака, како сега: Сам...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги пасеа воловите некаде тука поблиску или, ако одеа подалеку, тогаш одеа по оние места каде што се врткаше дедо Геро војводата со своите комити.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Elle va revenir bientôt? – ме праша басот. - Dans ume demi-hêure.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)