некаде (прил.) - потаму (прил.)

Тоа што сакаа да го видат цело време беше некаде потаму од она што го гледаа, но и не можеа добро да видат зашто прозорците беа од бледожолтеникаво провидни каучукови плаки опшиени во мушамени рамки, така што изгледаа како исплакнати во некаква матна вода.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
На неколку пати здогледа милиционерски патроли, а еднаш чу и истрел некаде во средселото или некаде потаму од селото. Не беше сигурен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Јас: Во песната сум Тој: Летнат Вишен Огнодишен: Тој. отаде сонот мој Отаде мојата куќа Отаде светот Отаде сонот мој И некаде Потаму од нив: Уште чека Дур од века Зборот незгаслив. чародеј Во глава ми Лаком змеј: Ноќум бдее Песни пее: Ча ро деј. сам Знам: И во самоста Сакам да сум Сам. мисла Ништо не ме мами Ништо не ме зачудува Во мене гори таа И ме полудува. сликата. песната.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Всушност, тој силата си ја црпеше од неа, инаку како би ги искачил сокаците кои се креваа до облаците и некаде потаму.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)