некаде (прил.) - назад (прил.)

Тоа беше некаде назад на годината која веќе беше поодамна замината.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во неделите војниците во групи одеа дури далеку некаде назад во шумата, кај некое изворче, правеа прошетки и до манастирот горе во долот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Татко бил некаде назад или напред во потрага по сигурен пристан на семејството.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Мислам дека нема веќе можност за повлекување, освен ако не сакаме да се помириме останувајќи некаде назад.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Наеднаш сѐ беше станато сосема матно, една матеж, во која тој сега продолжуваше неумоливо да тоне, увиснат, со рацете обесени под себе, исто како некој далечен дел од него да беше отпуштен некаде назад; сега таму беше одврзано она, што досега сѐ уште можело да го држи, тоа сега се разлабави и го занесе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дењата секогаш војниците се повлекуваа некаде назад и денот го поминуваа во една голема дупка како варница.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)