некаде (прил.) - надолу (прил.)

Сликата беше згниена и веднаш се распадна; металната рамка што ја држеше острана залепена на дното од гробот како прозорче што гледа некаде надолу во подземниот свет.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Другата, попречната улица, исто така, на двете страни се спушташе некаде надолу.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Требаше потоа да ги видите и оние колони мравки што врвеа среде гарсониерата и низ дупката во паркетот го продолжуваа својот едноличен марш некаде надолу во подолните катови.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Уште си стои заделен и гледа некаде надолу, ко над некоја бездна пред себеси.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)