некаде (прил.) - далеку (прил.)

Чудно, и таму некаде далеку луѓе, и живот со копнежи и со страсти, исти како и нашите овде, како и моите, со ист чемер што напукува во гласот како врела карпа удрена од бран на море.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Наместо да бидат ослободени, принудните работници беа депортирани, овојпат некаде далеку. Веројатно во Полска.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ги снема спомениците на обични луѓе и знаменити личности, мермерни знаци, историски сведоштва на сефардските четири века, за романиотските 18 столетија на една знаменита некропола и барем 24 векови гробно незачувано присуство на овие простори отидени во шут, распарчени плочи и багателен градежен материјал на огромна површина.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ја отворив портата позната, ги собув патиките, си отворив едно ладно, скопско, фридижирано пиво, се истегнав на фотелјата, го вклучив телевизорот, потегнав една добра, долга, рамнодушна голтка и ждригнав во моментот кога на екранот Боги запали цигара, вртејќи му го грбот на авионот кој заминуваше некаде далеку, многу далеку.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
— Се израдува и пашата, и двајцата донесоа решение да не и се пречи на Митра да го одвлечка тој „пезевенк" некаде далеку.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Барај чаре да ме извадиш од ваа дупката и да ме заведиш некаде далеку, далеку одовде, каде никој никогаш нема да ме врате во неа, ниту да ме има друг од тебе. Ете тоа сакам. Разбра сега?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ете, од ваа вечер знај дека јас ќе барам чаре да избегаме некаде далеку каде никој нема да ни пречи во нашиот живот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И јас да летнам некаде далеку - колку да поминат овие небидници што ми се струполиле, колку да се заборават сите афери - па да се вратам - а мама и тато пак да имаат доверба во мене...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Интересно е, ама мене мислата ми бега некаде далеку.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Со мама седиме на балконот: таа плете, а јас ја читам „Големи и мали“ од Бошко Смаќоски.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Одлетале кон јужните краишта. Ех, да сум ластовиче!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Небото беше избегано и потонато некаде далеку во бескрајот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Потоа и двајцата се свртија кон Аргира, кој стоеше загледан некаде далеку над Скопје.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Некаде далеку залаја куче.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
По ручекот, на заминување, постарите браќа го прегрнаа цврсто, многу поцврсто одошто порано, небаре заминуваат некаде далеку, а него го оставаат сам на чардакот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Колку и да навикнуваше на новиот ред на живеење, колку и да се помируваше со реалноста на еден друг начин на живот, колку и да беше Мајка внимателна, тој не можеше да ја прикрие тивката меланхолија што го обземаше кога ќе останеше долго време загледан во течењето на реката, свесен дека никогаш повеќе нема да ја има илузијата дека ќе замине, некаде далеку, кон Цариград, или кон Америка...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
По лаењето на кучињата можеше да заклучи дека се некаде далеку.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Беше спокојна. Погледот и беше упатен некаде далеку.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но во него не се наѕираше тага.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се собраа и други селани и чудно ни е што никој не не гледа в очи, туку гледаат в земја, некаде далеку, како да сакаат да ни речат дека треба што побрзо да збришеме од тука.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Очите ни беа полни со ѕвезди од кои една се откина и паѓаше, паѓаше и некаде далеку згасна.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Гледа настрана или некаде далеку пред себе.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Погледот ѝ луташе некаде далеку, далеку зад ѕидот во кој гледаше, дури и кога ќе ѝ ја допрев раката и ќе ја прашав „Ме слушаш ли, Клара?,“ таа остануваше отсутна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Точката на која е запрен нејзиниот поглед е некаде надвор од сликата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мајката не може да го види тажниот неспокој на своето дете; таа гледа кон некое друго место, некаде далеку.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потрагата по родителите за него била како движење по ходник на чиј лев ѕид го гледал насликано своето минато кое веќе било мртво, од десниот ѕид безуспешно се обидувал да го оттргне превезот зад кој се криеле оние кои го отфрлиле по раѓањето, а некаде далеку, таму каде што завршувал ходникот, се простирала празнината на иднината, која се надоврзувала на мртвилото и отфрлувањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И само кога ќе ѝ ја споменев Сара, се насмевнуваше со насмевка каква што имаат оние кои се помириле со пустошот во кој се претворил нивниот живот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Точката на која е запрен нејзиниот поглед е некаде надвор од сликата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мајката не може да го види тажниот неспокој на своето дете; таа гледа кон некое друго место, некаде далеку.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа што бил напуштен од оние кои го зачнале го болело повеќе од смртта на оние кои го одгледале.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Беше пролет. Сонцето топло светеше, а таму - некаде далеку - надвор од градот, веројатно, се заленееја ливади и цутеа разнобојни цвеќиња, а шарени пеперуги, веројатно, летеа над нив.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Откако ќе престане, меѓу две пиења:) Уште утре ќе заминам некаде далеку, далеку... Ех, кога би можело да се умре.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Некаде далеку угоре по долината, кога неговата разоденост беше престорена во една свикнатост, од која му беше топло и пријатно во секое делче од неговото тело тој, сосема мирно, продолжувајќи без тешкотии да се пробива, почна еден обичен, тих разговор со оној свој самјак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кон него сега се придржуваа и другите два, ја бодеа ноќта некаде далеку зад врнежот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Темнината веќе ги голташе слабите зраци што идеа од вратата, останата некаде далеку горе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој се наоѓаше некаде далеку од оваа сала и тука беше само неговото тешко опуштено тело и маската на неговото лице, безизразно замрзната и свртена кон Глигора.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Низ твоето раскажување бев твој современик тука и сега, но во исто време и некаде далеку во минатото, кога нашите родители беа помлади и од нас самите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не мрда, не зборува, завлечкан е некаде далеку.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јордан беше отсутен како да беше некаде далеку на некој воен полигон.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- И! Кажувај како ти се допаѓа? - ѝ се обрати на Рада, која мораше да глуми внимание иако мислите ѝ беа некаде далеку.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дали во овој момент тука, една љубов се раѓа или некаде далеку умира.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Очите на Ивона искреа од среќа. Таква широка насмевка има само на уште едни усни некаде далеку на југот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во миг сакаше да прекине со сѐ. Сакаше да избега некаде далеку.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Високо над планината, некаде далеку, повремено светкаа молњи и тие слики ја враќаа во спомените од детството поминато во Горно Дабово, во околината на Кочани.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
До него во тие мигови, на лединката, секогаш седнуваше песот Мурго, рунтав шарпланинец, загледан некаде далеку, таму некаде далеку до каде што гледаше Гоше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На моменти добивам силна желба да отидам некаде далеку каде што никој не ме знае.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Знам дека и таму, некаде далеку, и друг некој бедно се чувствува.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Проклет да бидам, се завеало, тргнало некаде далеку.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Потоа се загледа во празно небо, некаде далеку, не обраќаше никакво внимание на тоа што се зборуваше за него.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Некаде далеку на хоризонтот, виден како во сон, лазеше утринскиот оган.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Снегот, планините, изгорените села, напуштените градини, пустите полиња, сè остана некаде далеку, единствено во нас живееше Големата вода.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Очите твои ме гледаат со чудна боја... а јас само са плашам од смртта на мојата душа зошто љубовта не може да те рани и да ја убие душата на почеток, туку тивко, полека. дел по дел. во секоја минута од твојата неприсутност, ја одзема и ја носи некаде далеку.... дел по дел. во секоја минута од твојата неприсутност, ја одзема и ја носи некаде далеку....
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Го слушаа и не му веруваа кога им рече дека можат да отпатуваат со него некаде далеку и богато да живеат; и се чудеа на неговата сигурност кога им објасни со немирни очи: „Моите пари се затворени во една каса.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Некаде далеку една ракетна бомба експлодира со подмолен, одекнувачки тресок.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еден грев помалку, обоеноста на зборот, сликата на копнежот, ѕвонот езерски некаде далеку.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Ама сите тие стравотии секогаш биле некаде далеку, далеку од нив, во некакви земји н е б и д и и.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Некаде далеку“, мислеше гледајќи во некоја неодредена точка која ја правеше блиска и најнезамисливата далечина.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Токму заради сите нешта што се беа случиле со неговото несреќно женење, и, тоа негово дете, таму, некаде далеку...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Карл е малечко момче. Му треба време да се навикне, дека таму, некаде далеку, во некоја далечна земја, има уште една мајка, за која првпат станува свесен...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Синот, единствениот, ќе расте и ќе живее некаде далеку.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сега се убеди дека навистина ќе го однесат некаде далеку од каде што нема жив да се врати. – Што ли прават сите тие? – се праша и сам си одговори: – Плачат, што има да прават друго – и почна да рони солзи низ жолтите образи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но изгледа дека и поп Јаковиот господ по тоа време беше некаде далеку, та ни капка дожд не капна цела недела.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Гледаше со погледот некаде далеку.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Го гледаше, а очите ѝ се губеа некаде далеку.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сонцето ги пробиваше зраците низ црвеникавите облачиња, чиниш зад нив, таму некаде далеку, силен огин е запален.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
А по некое време таму некаде далеку грмнува и, кратко потоа, фучење и трештат топовски гранати. А потоа јуриш.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Си тече, гледаш, се витка и се превиткува како змијче, се губи под каменот и пак се појавува и пак си тече, некаде далеку си тече...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Нумо повлекува длабоко, го испушта чадот низ нос, се чеша зад уво и, загледан некаде далеку, продолжува: - Да не должам многу, Пандо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ќе се фрлиш за прв пат главечки, ќе пливаш само за себе butterfly, ќе плуташ, ќе нуркаш оддалеченоста од брегот ќе ја одмеруваш по пробивот на сонцето, ако го има по работата на срцето по подноктиците перките и алгите по трагите од морските пци ќе ја унапредуваш техниката отскок на површината во последен миг неверна кон сѐ кон животот посебно: ќе палиш огин и ќе голташ жар и пепел во ждрелата на оние кои во тебе гледаат неидентифициран плод, увод во гревот зашто другите, одбраните, некаде далеку ѕемнат во истите ноќи, подоткриени јазикот го вадат од мрзеливи легални усни и скришум ги бришат своите благоглаголливи:
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Некаде ѕвони. Некаде далеку ѕвони.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Но секогаш останува она можеби, таму некаде далеку ќе го пронајдам изгубениот дел од мозаикот на моето реално, чувствено, опипливо, живеано, проживеано постоење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Зар сѐ уште имам снага да сакам, како кербер го чуваш моето срце, сѐ ми зема и тоа што ми го даде, едно лето и две зими.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не можам и не сакам да заборавам, а чувствував тогаш и чувствувам сега после толку многу години дека искрено се сакавме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Заборавот нека те однесе некаде далеку за да можам барем спокојно и достоинствено да го проживеам тоа што ми остана без срце и душа, зошто се ти припаѓа тебе засекогаш.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
„Не можев да сфатам дека низ ветерот сме ги фрлиле сите надежи!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И заспивам кога длабоко во ноќта ќе ме покрие нежниот, суптилен шепот:“добра ноќ и сонувај ме, некаде далеку, а секогаш толку блиску на моиве гради”.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Постои таму некаде далеку како драг небесен цвет, опоен мирис на гардении и лотус, нејзините нежности се мевлем за животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Напати ќе ми се појави некое светло, ќе се извре некаде далеку од земјата и одново ќе пропадне в земја.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зборовите ми врват некаде далеку, ама ги слушам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега истите мандри се сосем на копно - водата е некаде далеку повлечена - нема кајчиња, нема мрежи, нема рибари, нема корморани...“ зборуваше Томе.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
За тоа време, некаде далеку, надвор од собата, надвор од приказнава, надвор од светот, се смешкаше Слободата, задоволна што уште еднаш се покажа точна нејзината констатација: „не сум препорачлива за сонување“.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Погледна кон улицата и за последен пат ја виде својата љубена претворена во топка сало како со огромна брзина се тркала некаде далеку.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Обременети се со своите мисли и заскитани некаде далеку...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Игбал се загледа некаде далеку, кон високите врвови на планините од другата страна на езерото, кон оваа страна каде што очигледно се наоѓаше неговото село, ама не се гледаше, и мене ми се чинеше дека сосема заборавил на моето присуство, кога неочекувано проговори: - Само тие што ќе научат да летаат успеваат својот живот да го направат како што би сакале да биде.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ја имам слушнато како полугласно им зборува на цвеќињата, како ги допира тревите во Маврово и им се извинува што ги згазнала, ја имам видено како ноќе неподвижно гледа во ѕвездите, или „го пушта потокот да влезе во собата” доцна навечер кога сè е толку тивко, што во истиот миг кога ќе го отвори прозорецот, навистина се чини дека потокот сиот се втурнува внатре и продолжува да тече низ целата куќа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога ќе ја прашав, што гледаш, зар не ти се здосади сè истото да го гледаш, таа ќе ми одговореше дека „не е тука, туку некаде далеку, секаде каде што ќе посака да биде”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)