некаде (прил.) - од (предл.)

Во купето влезе едно црномуресто момче, кое одвај да имаше дваесетина години, некаде од селата кај Неготино, мислам од Пепелиште или Прждево, па потоа уште двајца повозрасни, едниот со лузна и висок, а другиот понозок и мешест.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Самиот висок, добро развиен, тој имаше зошто да се држи гордо: беше стегнат во нова скаутска униформа, земена на послуга некаде од градот, на колкот му тупкаше скаутски нож, а в рака носеше троаглесто знаменце со извезен елен - амблем на нашиот вод.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И покрај својот остар јазик, Марче ги освои симпатиите на сите, штом се појави во нивната гимназија некаде од внатрешноста.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Децата јадеа малку и од киселиците, а потоа заскитаа наоколу, гонејќи се и играјќи се со Белуш, кој ненадејно се појави некаде од папратот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Ги испратив децата први, - му рече дедо Димо на доктор Коста, кој откако замина џипот се појави некаде од длабочината на коријата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога мракот со сета своја моќ ја поклопи долината, не успевајќи докрај да ја зацрни снежната белина, некаде од северната страна, откај Чукарот, се извиши зловештиот, стравотен виеж.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Некаде од некој агол благодарно ми се смешка мојата Убава Книжевност, мојата невидлива Belles Lettres...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Одвај павташе со крилјата, се влечкаше по небеса. Доаѓаше некаде од дамнините и којзнае по колку века Одново ќе грачи во својот дом.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Некаде од соседните дворови долетаа уште три-четири врани, се спуштија на крушата и силно загракаа: - Гра! Гра! Гра!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Каде? - се слушна еден тивок глас некаде од под масата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Некаде од Прилеп али од Битола, каде што живееја неговите подалечни сродници и каде што и сам имаше куќи и хотели или од Солун, од Софија, од Загреб, од Берлин, од Париз, од Лондон, каде што бил да ака, рано напролет, заедно со ластовичките, туку и тој ќе долеташе на Имотот и ќе довлечкаше со себе и една секогаш различна, но секогаш ситна и црномуреста граѓанка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но само што тие прејдоа на другата страна и само што ги боднаа своите коњи кон ајдутските, од некаде од врбјаците истрчаа тие, ајдутите, Владимир и чупата Перуноска; се фрлија одозгора на коњите и преку чаирите ја трештија спрема врбјаците, спрема Мртвиците Чепиговски. Петерџиите со силна трка по нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во тие денови сакав да побегнам некаде од куќата, сакав да отпатувам некаде.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Во истиот миг, тие почувствуваа рајска милина и блажина, небаре хор ангели да им пееја некаде од високо и ги целиваа нивните уши и души.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
По извесно време, по далги од убојна тишина и облаци прашина, во миг кога командантот се ежел и кострежел да го сотре и докрајчи Нуне Волта, да ја фрли и изгази, смеле и дотолчи пред сите и на туѓите и на своите, неговата „Пакс-верс теорија“, некаде од длабочината на фронтот, од непријателската страна, се зачуло далечно хорско исполнение на стихови. Стиховите станувале сѐ поблиски.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Човекот што дојде да седне со нив изникна некаде од темнината.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се разбуди некаде од најдлабоките длабочини во него и пливна низ целата негова крв, како некој црвен пламен, така што не можеше да биде изгаснато.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И по законот на ноќта во Белата Долина, која некој ја нарекол бела сигурно во една ваква ноќ, од некаде од далечината почнаа и сега да поникнуваат дивите писоци, целите во некакви кристални одзвуци и на некој начин сосема свои, сосема домашни, тука, во овој бел заблескотен свет.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се довлечкал некаде од Александрија. Што бил таму и што работел никој не знае.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Првин ќе видам слечена змијска кошула, ќе наѕрам во неа, а некаде од зад мене, ќе се појави змија или смок или слепјак и ќе ми се качи да ме облазува, да ме врзува, да ме цица.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги замижувам очите и некаде од преку река се јавува петел. Кукуригу!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој беше некаде од Лесковац, од селата. Ни легна разговорот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Кажи, го знаеш ли тој пат? ... Во стапиците на оние од Кукулино паѓале лисици, бил фатен и стар, од муцка до опаш побелен волк, еден од оние за кои се говорело дека препливуваат некоја голема река и се доселуваат некаде од Влашко.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Патот за Лесново, го знаеш ли? прашала игуменијата, и веќе не можела да го стивне во себе преданието за овоземниот призрак, речиси му се предала неподвижна, сѐ уште исцибрена но без воздишка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некаде од длабочината на шумата допираше гукање на диви гулаби.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но во тој момент се крена врева од извици и од татнеж на тешки возила што допираше некаде од лево.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Доаѓа некаде од далеку, осакатена, кркорлива, некако скршена од планинските врвови и долови, од ветриштата и виулидите; во неа има нешто кобно, зашто, откако замолкнува звучникот, во бараките и коњушниците почнуваат намнисувања, плачења редења: Твојте лисје, горо сестро, Пак ќе ти се вратат... допира гласот на падавичарите и веднаш носи со себе тага и болка за загубеното.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Само ќе седнеше некаде од страна и го посматраше толку внимателно како да го испитува за да му изрече пресуда.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се накашлав. – еве, доаѓам – ми одговори топлиот глас некаде од другата страна на ѕидот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Донесе некаде од јужните страни две ластовички и ги насели под нашата стреа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)