некаде (прил.) - низ (предл.)

Таа ноќ кон Битола се приближуваше крупна, црна сенка.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- се носеше нејзиниот глас и се губеше некаде низ зелените падини на китниот и убав Пелистер.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Деновите да поминуваат праволиниски, одејќи низ улиците со поглед кој се губи некаде низ просторот и мисла која ќе се скрие далеку во времето и никој нема да ме праша: - „Зошто ја скрши и последната чаша надеж?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Оној што ги поведе кои некаде низ село го знаеше патот па брзаше напред, а тие се сопинаа и прескокаа камење по непознатиот пат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Котевица излезе да вара да не најде нешто такво некаде низ куќи, а Коте го извади ќесето со тутун и лулето од кочанката.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Мајмунчето очигледно помисли дека е тој татко му, откако сигурно пред тоа си го загубил некаде низ шумата.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Како да им рече, „Абре, да не сте ме виделе некаде низ Македонивчево наше?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Некаде низ внатрешноста на затворот се растураа гласови и стапки.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Можеш да се прскаш со црево ако баш запече, можеш да си играш со Бак, големото куче болчјак, можеш дури и да исчезнеш некаде низ собите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Толку ги има што никој не ти пречи каде и да си и што сакаш и да правиш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ќе требаше да ги стискам ушите со прсти или да бегам некаде низ бавчите.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Погледот сам му заскита во спротивното огледало, каде што го ослепуваше белата планина; се загледа некаде низ отворот на тунелот во вителот, надвор од прозорските окна, кон планината.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ќе скиташе како пес некаде низ градот.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Се чу дека куршумот му поминал некаде низ градите и ништо не му скинал. Како да бил негов роднина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)