некаде (прил.) - над (предл.)

Некаде над мене, над куќата, прилично далеку, синевината некако се згуснува во една точка. Сѐ повеќе и повеќе.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ги одбиле најпрво Бугарите, а потоа со борба, со пукање, отстапувале по оваа патека, се спуштале низ оваа корија, а некаде над нашата колиба излегле кон Грамадна, а оттаму на север, кон Осоговските Планини...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Германија со тетка ѝ да ти живее некаде над гаражите на мајсторот Ратко.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ќе прелетаат тие некаде над селото, по небото кое зачадените оџаци го потпираат со високи столбови синкав чад, ќе го чуе и старо и младо, па ќе почнат оние познати разговори за некогашните зими, за случките во тие зими, а децата разгртаа двојни уши и слушаа, слушаа, сонувајќи го снегот што беше во разговорите на возрасните, во крикот на жеравите и во мирисот на студениот воздух.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)