некаде (прил.) - го (зам.)

Затоа што истиот некаде го има опишано својот ноќен кошмар во кој некои луѓе се обидуваат насилно да влезат во неговиот стан за да го - шампонираат!
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Знае по воздишката којa кружи како откинат како лист од бреза што го носи и развејува ветерот и некаде го губи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Гласот ѝ го дочу земјата и некаде го скри.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Чакарвелика како да живна. Се разоди низ анот и по дворот, самата за работа се фати, децата како аргати ги хранеше со појадок, со ручок, со ужина и со вечера ги гостеше од она што го имаше или некаде го наоѓаше.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Јасна ме загледува сомничаво: - И ти сево ова сам си го смисли или некаде го прочита?
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Се најде кој ука да ми дава како се варди пламенчето на коренот или пак знаеш што значи некој само еднаш да ти бркни во тебе и да те остави со тежина за цел живот а тој да ја цапа дуњата заборавајќи дека некаде го запалил пламенчето на нов живот и ти велам не туку ломоти не ми кажувај како треба да ги довардам знам јас како се вардат оти угол сама го довардив тој што ги оплодил овие семчиња заминувај си од мојот сон остави ме да се соземам утре ќе ми треба многу сила сега си нашол да ме учиш што и како кога пред мене си само сенка!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)