нежно (прил.) - го (зам.)

- Што ти е, Терзивче? - нежно го праша татенцето Аритон Јаковлески.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Лембик (Alembic), од арапски al-anbīq, алхемиски сад за дестилација, од којшто подоцна се развила ретортата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Веднаш ја гушна и неа и секогаш кога ќе му дадеше некаква наредба на татко ѝ, нежно го допираше по раката. Татко ѝ, пак, без збор извршуваше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Дури таа вака си мечтаеше, раката ѝ врвеше по главчето горедолу, а наеднаш рачето на чупето го подигна гушалчето, ја пушти дојката и нежно, нежно го растегна малото устенце, гледајќи ја мајка си право во очи; пушти едно „гуу, гу, a? а?“ и почна да ја врти главата пак таму ваму: да ја лапне дојката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пред да ја угаси ламбата и да се седне уморен во фотелјата, нежно го истури купчето пепел на дланката и тивко кажа еден збор. Розата се појави.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нежно го допре. Но тој не се будеше.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тогаш Милан успеа да стане. Чувствувајќи се доста слаб за да може да го носи мачорот, нежно го спушти долу, стенкајќи кога го направи тоа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Држењето на мачорот беше блага љубопитност што се граничеше со незаинтересираност, но кога, по една минута, или приближно толку, глушецот не мрдна, неговата предна десна шепа се спружи и нежно го поттурна суштеството.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)