нежен (прил.) - ќе (чест.)

Тој редовно ќе нѐ прашаше дали сакаме клакер или лимонада, а откако Рашела ќе ме погледнеше право в очи и ќе одговореше одречно од името на двајцата, тој ќе ја ставеше својата крупна рака на нејзината глава, ќе ја погалеше по густата сјајна коса, нежно ќе ја лизнеше раката по образот на ќерка си и ќе останеше така, со блага насмевка на лицето, загледан со своите, во тажниот одраз на нејзините длабоки, интелигентни очи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Од нејзините очи изгрева мајчинска Деница, чеда мои, им вели на децата и трепери грижно и ја печали нивната почит секојпат застаната спроти мене, исправена спроти мене, мамо, велат децата, слушај жено, велам јас.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И си мислевме и се прашувавме: дали таму каде што не носат ќе има ли некој кој ќе не погали со топла дланка како дланката на нашите мајки, кој ќе не бакне пред спиење, како што не бакнуваа нашите мајки, кој нежно ќе не погледне како што не погледнуваа нашите мајки, кој ќе ни се насмевне со насмевка на нашите мајки, кој ќе ни раскаже приказна, ќе ни запее приспивна песна, ќе ни избрише стежната солза?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тогаш ќе можат да ги рашират своите недоразвиени, и како перки, крилца, ќе прваат со нив и мрзливо и нежно ќе се одмораат на земја за да ја изложат својата розова кожа на хранливоста на сонцето.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Па човекот, мило мое, - нежно ќе му речеше стриче Лентен, - човекот одеше по селата и по сите населби, по сите градови и домови, мило мое.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Другите будалштини дека животот е краток и верна копија на сонот ги препознавам во нејзиниот силен глас но отпосле, години потоа низ песокот на истеченото време и за да ја стиши мојата возбуда, пресметано и смерно, ептен нежно ќе рече: не би го гребнала ни со мисла твоето достоинство, сигурно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)