нежен (прил.) - го (зам.)

Полека, за да не го исплаши, нежно го фати и го стави нa широко отворената дланка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Понекогаш неговиот пријател сликар го наоѓа заспан во левиот или десниот горен агол на просторијата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тогаш како балон нежно го враќа во постелата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- Не, ние сме балерини - нежно го поправа едната.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во другото раче нежно го држи букетчето со жолтите јаглики.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Потоа се приближи кон лекарот и нежно го прегрна...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Пелагија се наведнува врз старецот, за последен пат го пика своето кадро во неговите очи, нежно го допира со прстите по челото и се исправа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И луѓе мои, луѓе златни, проклет да бидам, толку нежно го доближи тоа дрво до своите очи, почнаа некако чудно, долго да го гледа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Проклет да бидам, се спушти крај неговото постелче, видовме рака му стави на челото, нежно го помилува по осакатеното лице.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И виде како таа само ги погледна ќерките и нежно го фати својот сопруг под мишка, поведувајќи го.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Рацете ѝ ги чувствуваше како меки ракавици што нежно го допираат и му шират некоја усреќувачка топлина што му се шири по целото тело.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во другото раче нежно го држи букетчето со жолтите јаглики.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)