негде (прил.) - долу (прил.)

Кога го реков ова татко ти и вистиски зовре.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А нејзиното појавување беше следено и со чудното објаснување напишано со вистински зборови: Слегував со некого од Исарот кај Штип и наеднаш негде долу, од зад Балван , се појави Месечината. Како да изнурнуваше од Брегалница.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Ако ја приредеше прославата, Иван Степанович, негде долу на корзото, да речеме во Кралска круна, или во некој друг таков локал, никој немаше да размислува за девојкине ниту пак за тоа од каде се парите за прославувањето!“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Србендовци си кинисаа еден есенен ден преку Козјак и Кравица и се изгубија негде долу во Мегленијата, а со нив се изгуби и војводата Јован Ѓуров. На нивно место се довлечкаа „братја б'лгари".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)