негде (прил.) - длабоко (прил.)

Долната усна ѝ беше повлечена малку навнатре и секогаш влажна од истурените заби: носот грбав, кожата навистина свилеста, но со боја на шафран: а очите скоро белузлави од тенка синевина, со шарен темен обраб, кои се повлекуваа негде длабоко, викајќи те од далечина.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кога точно се паѓа роденденот на почитуваниот В. Зрновски.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Негде длабоко во Сашка како да се истркала нешто, што нејасно ја задржуваше, да си ја изживее својата радост до крај, слободно, целосно.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Вие разговарате со вашите размисли, и тоа негде длабоко во себе, а сосема неочекувано, можеби дури и од вратата во која ќе треба по малку време да влезете вие, се појавува жена со која се немате среќавано со години откако сте дојдени во градов, а еве сега, во последниве нколку денови, никако да ја откачите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)