негде (прил.) - далеку (прил.)

Загледан право во неа, па потоа право негде далеку пред себе...се вртеше во круг во собата со тешки чекори...со поглед следејки ја Трајанка која нешто работеше.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
А што е најважно - и сметките ќе бидат расчистени за сѐ што беше досега: и за колибите, и за предавството на Мира и за она фалење од Буза дека е подобро Лагачот да живее в шума или негде далеку и скраја од земјава, зашто еден ден ќе биде ликвидиран, само да му падне в рака.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но таа... Целата вечер беше негде далеку - над и вон општата расположба.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој чекореше. Чекореше ненадејно грабнат и понесен негде далеку, каде што можеше да се стигне само со срцето...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И сега улицата живее од небото до Камениот мост А оттаму продолжува за да се влее Повтор негде далеку во ѕвезденото небо По мостот поминуваат и радоста и тагата на животот Помина по него и чадот од тратот, и молитвата На невестата што ја вградивте во темелите...
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
И знаат дека Божјите зборови Не се негде далеку и недостижни Бидејќи тие зборови со светлини се хранат Од нашите човечки чекори.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Босите нозе и правта се родени негде далеку но соништата ќе слезат и од белиот ѕид.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Заборавен во огледалото стои и чека (Како шапката во гардеробата по сношната претстава) Па кој е тогаш другион , на прагон, пред патеката Која негде далеку наеднаш исчезнува како конец во довезен гоблен?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Како при дишењето. Како при искористувањето на воздухот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Впрочем и таа можност постои, иако негде далеку , во неодредената недофатливост.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во мислите е негде далеку, далеку, зад илјада години, со малата несреќна Јаглика.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
- И јас сум му благодарна, - искрено вели Весна и гледа негде далеку во планините, како да се мачи да го согледа негде добродушниот лик на Мирчо од Брегово.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
И посакав да влезам и јас во проектот, па би ја менувала мојата земја што ја поседувам, а ја собира во една саксија од поголемите, со поголема од негде далеку, до каде што се стига со авион за час-два.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Негде далеку, во лесновската шума можеби, некој нешто викал. Најверојатно некој од дружината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Арсо Арнаутче и белата подвижност во прозорецот се покриле со танок слој стопен бакар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Отпрвин ја виде негде далеку, потоа го згрчи лицето в страв.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Потоа ме погледна како да сум негде далеку и рече: - Што мислиш за тој човек?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Или се сретнуваше со убиениот хирург. Оче Симеоне, да појдеме негде далеку?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Отпрвин ја виде негде далеку, потоа го згрчи лицето во страв.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Под неговиот темел водата зашлапка. негде далеку, како капнати пеперуги, тихо, низ сон, умираа звуци на гитара.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Почекаа да го слушнат татнежот. Но не втаса до нив. „Негде далеку“, се насмеа таа.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Отрча негде далеку. Отрчаа со неа и чекорите, и гласот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Можеби беше и насмевнат, но мене ми беше оневозможено дури ни да го забележам тоа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За несреќа, преносувачот на ова зло беше овде, се наоѓаше сосема блиску, во ходникот што води во мојата канцеларија, но истовремено беше и негде далеку, незабележлив, затскриен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Чуден е тој твој Господ, велам, што ти се јавува да направиш столче а божем останал негде далеку и овде го нема“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А среќниот крај, велат, сепак нè очекува, но негде далеку.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Едната вистина, дека е убиен големиот Ролан, и тоа, како што велат, некој го убил; и онаа другата вистина, уште појасна и уште поприсутна: дека се родил еден мал Ролан.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Белки ти не сметаш дека негде далеку, кадешто брановите на нашите мисли сосема се смируваат и стануваат речиси рамни, не се појавуват две многу одредени вистини што покажуваат едната на другата со прст?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Изгледа негде далеку те однела таа твоја несреќна среќа“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Колку е убаво потоа кога ќе седнеш на големиот белутрак и ќе се загледаш негде далеку и високо.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во мислите е негде далеку, далеку, зад илјада години, со малата несреќна Јаглика.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- И јас сум му благодарна, - искрено вели Весна и гледа негде далеку во планините, како да се мачи да го согледа негде добродушниот лик на Мирчо од Брегово.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)