небаре (прил.) - низ (предл.)

Однадвор влегува скржава светлина, небаре низ половина затворени очи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вистинската книга, вистинската страница, ред, буква, ја криеја големата тајна, небаре низ нив се провлекуваа спасените јагули.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Проектот предвидуваше небаре низ научно-фантастична визија да се обнови патот на јагулите, со градење отвори на високите насипи, па со градење на водени лифтови, кои ќе ги совладаат висинските разлики да го оживеат патот на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ете, сега е тука, во тој прекрасен пејсаж, со месеци сонуван, посакуван, далечен, недостижен, мирисен - трча низ ливадата... не, денес нема да ѝ попушти на Јана... тој ќе втаса прв до крајот... до реката... до тополите... трча со подмижени очи низ синозелениот акварел... трча небаре низ сон, кога ти се раскрилува душата, па си лесен... лесен... не, не гривест коњ... трепериш во воздухот помеѓу земјата и небото - како вилино коњче трепериш...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Небаре низ иглени уши вдишува, издишува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И тогаш тргнав да пропаѓам. Небаре низ облаци. Се најдов дури другиот ден.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Портирите не само што не стануваа од своите столчиња кога тој поминуваше покрај нив, туку дури и не погледнуваа накај него, небаре низ претсобјето пролетала обична мува.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Заколете ја, вели тој што им е како главен, војвода. Тие ги подместуваат штиковите, а кладенчето си ромори, небаре низ уши да ми поминува. 195
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)