небаре (прил.) - некој (зам.)

Но кога навечер ќе рошнеше со машата во мангалот, пеплосаните жарчиња кратко вивнуваа, небаре некоја невидлива сила ги враќа во живот пред да умрат сосем - е, тоа беше сосема јасен знак како ќе изгледа неговиот крај.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Небаре некој струп ни остана на устите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Напред одеа попот Ставре и робот Бошко, а до нив самарџијата Димо и стариот Пајко, сите стискајќи се толку за раце, небаре некој се беше устремил да ги раздели.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се случуваше, другпат, Мајка да побара да се врати дома доцна во ноќта, небаре некој недосонуван сон, само таму, во својата куќа, може да го досонува, само таму може да се ослободи среќно од тој сон, во куќата на нашите заминувања.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Небаре некое копито да му згазило на нозете, на прстите, на петиците.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)