најчудно (прил.) - бев (гл.)

Но најчудно беше тоа што гледајќи ја, така заробен во униформата како во оклоп на својата судбина, маслинестозелен дури и во лицето, тој воопшто не беше изненаден од нејзината исповед.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но најчудно беше нешто друго, најчудно беше содржината, податоците за сета таа работа што стоеја во рефератот на Методија Гришкоски. Проклет да бидам, реферат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И токму затоа најчудно беше тоа што во овој момент неа ја немаше.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Влегоа во првото кафуле. Најчудно беше што од мигот кога се запознаа сѐ уште се држеа за раце.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се разбира, најчудно беше што се оженил со неа. Очигледно тоа не успеало...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но, најчудно беше тоа што начинот на работење на Бил беше тотално Њујорк - брблив организатор којшто знае сè - но работите кои ги говореше беа оние блутави Сан Франциско „флауер чајлд” глупости.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Многу разлика постоеше меѓу Бил Грејем и нас, всушност, тоа истовремено беше разлика и помеѓу Сан Франциско и Њујорк.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)