најчесто (прил.) - ги (зам.)

Кога држам предавања за тоа, најчесто ги цитирам стиховите на Рубајат: “О, љубов моја, да ли би можела со мене и со судбата така да се сродиш, да ја грабнеме оваа бедна целина од свет.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Водичите најчесто ги мразат ли­цата на статуите, небаре се нивни двојници.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Значи сакам да речам дека и привидите најчесто ги поттикнува присутноста на смртта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Пред малку на пример помислив дека од прозорецот под Сина Скала, на височинката пред нас, моето наближување кон куќата никогаш повеќе нема да го следи мирниот речиси секогаш вкоченет поглед на мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност таа извитканост на патеката што води над самиот амбис те принудува да внимаваш а тоа помага да се оддалечиш барем за момент од сите оние неугодни размисли што најчесто ги одгледува токму осаменоста.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа е толку очигледно, особено во моментите на нашите прошетки низ сенките што смртта ги фрла околу нас.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И зборот ни е околу тоа како поминавме на Грамос, па на Вичо и ројот битки и маршеви и загинати и ранети и патот по кој поминавме, та стигнавме во Ташкент и од таму до тука, како поминавме во болниците во Југославија и во Албанија, во Полска и Романија, во Унгарија и во Германија каде најчесто ги менувавме протезите, како си поминувавме во санаториумите и превенториумите во тие земји, како таму работевме и што заработивме...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Најчесто велеа - јас, ние, јас, јас, па јас - овие зборови најчесто ги слушавме и се губеа во громогласните извици на осуда.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ако нишаниш во главата или срцето и убиеш некого, неговото семејство може да те тужи дури и ако тој ти провалил во станот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа ти е правниот систем во нашава земја, вели брат ми, и во право е.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Правниот систем во оваа земја нѐ третира како стока.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ставивме картонски кругови на една ограда на село. Најчесто ги погодувам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тогаш Зигмунд ми кажа дека најбогатите, благодарение на влијанието и парите, можат да го избегнат законот, кој забрануваше абортуси.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас знаев дека родителите, заради срамот, најчесто ги исфрлале тие млади жени од дома, па тие го завршувале животот од глад, студ, или болест, многу бргу потоа, уште пред да се породат; знаев дека некои од нив, што ќе преживееле до породувањето, го оставале детето во некое сиротилиште, па работеле најтешки работи, заради кои животот не им траел долго; знаев дека имаше и такви кои, не можејќи да го преживеат срамот, а за да ја сочуваат честа на семејството, се убивале без да им кажат на најблиските дека забремениле; знаев дека некои оделе кај приучени луѓе кои им давале да испијат горки течности по што го исфрлале плодот, а понекогаш и самите тие умирале од отровот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Впрочем, сите ослободителни движења во светот се потпираат и врз некои странски сили и притоа најчесто ги користат териториите на своите соседи. Тоа го направи и ТМОРО.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се прибираше само за спиење, а книгите што ги позајмуваше од пријателите најчесто ги читаше во библиотеката или пак под клупа, на поздодевните часови на училиште.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во фармерките и кошулата што најчесто ги носеше Рада, сличноста не ја забележуваше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Најчесто ги среќаваме во високата општествена класа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Овој клучен парадокс генерираше други, непредвидливи, со кои требаше да се живее животот, да се совладуваат противречностите кои најчесто ги следеа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И потоа продолжува миграцијата на мртвите туни кон светските пазари во западна Европа и најчесто во Јапонија, за да завршат во малите конзерви.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Најголемиот парадокс беше што на крајот од својата мисија ја губев земјата којашто ја претставував!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јапонците најчесто ги јадат медитеранските туни свежи, туните уловени по пат на матанѕа...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И настојував, читајќи го Сјоран, да се доближам до смислата на неговата Школа на тираните во проекцијата на видениот државен удар во Тунис, подоцна во доживеаните состојби на однесувањето и на други владетели до кои се доближија моите дипломатски мисии.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мајката, Таткото и нивната рожба, синот-наратор на балканската сага најчесто ги поставува во позиција над и пред секоја држава и под било каква припадност како верни поданици на татковината на животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Постои некаква имагинарна рамнотежа, некакво согласје, можна хармонија, меѓу законитостите во природата и социјалните законитости и историјата, кои најчесто ги доведува во прашање човекот со своето однесување.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мајка дури ќе нѐ облечеше во новите алишта кои најчесто ги облекувавме во деновите на државните и верските празници.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Овие книги, особено втората, најчесто ги цитираше во својот незавршен проект и постојано ги носеше со себе, при сите преселби.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И нашата куќа крај реката имаше свои посебни празници кои најчесто ги споделувавме со соседите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таа беше често отворена и за емигрантите од нашите краишта кои пребегнале преку ѓаволски затворената горница во почетоците на сталинистичките времиња, со намера да заминат во далечните Америка, дури и Австралија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Историјата најчесто ги оправдувала храбрите, а не оние што ѝ се препуштаат на судбината.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тогаш, и Татко и Мајка, како по некој договор или диктат на судбината, најчесто ги прелистуваа светите книги.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко, во овие клети балкански времиња, како што најчесто ги нарекуваше, требаше сам да се брани, да го брани семејството, други да брани.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На Бреза, се разбира, ѝ попушта, а не знае дека таа најчесто ги предизвикува сите наши караници и тапачки што се основна причина за тоа нејзино чудно и страшно кинење на нервите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Знаев дека тоа е невозможно, па сепак, кога третиот ден по смртта на дедо ми Баџак тато нѐ однесе во дедовата куќа во Влае, одев од соба в соба и внимателно разгледував да не најдам некоја трага од присуството на дедо ми што би значело дека тој сепак е жив: некоја недопушена цигара во пепелникот, тукушто соблечена кошула, чорапи свиткани и ставени во „беж“ еспадрилите што најчесто ги носеше, очила врз отворениот весник на канабето во дневната соба, недоиспиено, сѐ уште топло кафе...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)