најпрвин (прил.) - го (зам.)

Подигањето на чифлизите стана така што мајсторите и потковичаните (нив, на последниве, тоа посебно тешко им падна: покрај што беа катадневно ангажирани во градежните работи, кршеа и довезуваа камења, сечеа плитари, бичеа греди, газеа кал и мешаа малтер, мораше да се грижат уште и за исхраната на мајсторите, за полето и за домазлакот) најпрвин го одредија просторот на кој требаше да бидат подигнати идните чифлизи, потоа истиот тој простор од Имотот и од селото го издвоија со широки сокаци и високи камени ѕидови.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
По падот на Византија, султанот Мехмед II, најпрвин го признал рум-милетот кој ги опфаќал православните христијани, како што биле: Грците, Бугарите, Србите, Албанците, Македонците, Власите и другите православни народи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На чело на овој најголем православен (румелиски, односно ромејски) милет бил патријархот, односно милет-башата, кој живеел во Цариград, во местото Фенер.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Најпрвин го најдоа подивениот коњ, потоа, на една шумска ледина, и него, со распукнат череп.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Затоа, именувањето на наследник е скоро типично за автор како него, додека на останатите може да им се припише титулата плагијатор.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Воајеризмот, фетишизмот и еротизмот кај Ворхол Ворхоловиот воајеризам најпрвин го поврзуваме со неговата лична пасивност која се пренесува во неговото творештво како одвоеност или оддалеченост од објектот („Сѐ уште луѓето ми значат... но толку би било полесно да не ми значат...“).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Овој холограм најпрво го правиме во рамнина, а дури потоа го воспоставуваме во простор и почнуваме да го анимираме.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
И писателите беа помилувани, од страв дека ним може да им се случи истото што и на познатиот Нобеловец С.Р., кога лик од неговата последна книга најпрвин го врзал гол за неговата работна маса, вербално злоставувајќи го со најздодевните реплики, и читајќи му ги, со особено навредлив тон, пасусите со бескрајни описи на само едно дрво (по кои писателот беше особено познат во упатените кругови), за на крај да му го направи истото што и авторот му го сторил на неговиот лик - го фотографирал во таа, а и во други деградирачки пози, и потоа фотографиите ги ставил на Фејсбук, зачинувајќи ги со злобни коментари.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
И најпрвин го сочини потписот, и веднаш го растолмачи, го разбра, и рече дека сочинител на тоа писмо е некојси цар персиски, Дариј што се викал.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во едно само не сум сигурен: кого најпрвин го снемува, рамката или објектот сместен во неа?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но најпрвин го засекле своето месо со змиско ноже и ги отпечатиле крвавите палци и показалци врз страниците на старото манастирско Евангелие. И еден по друг паднале пред олтарот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор Мечкојад не го чул како ни тој што не го чул чкртањето на здружените двоколки по чиј ред жените и децата оделе до Бекирова ливада. ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Него најпрвин го чекаше менгемето.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Заборави ги лицата опседнати од горчина. (Немоќта најпрвин го совладува насмевот а потоа рацете).
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
И донесовме сè што сакаше, најпрво го облече тој фустан, па потоа фустанот од татко ми којшто, кога ќе го облечеше сите ѝ завидуваа, одеше во црква со него, со таблата на глава, а внатре имаше сè убаво подготвено, сите сакаа да каснат од тоа што го направила.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во приложениот дел до симпозиумот почитуваниот професор најпрвин го имаше разјаснето оној општ однос на запишувачот монах кон случаите обележани со наездата на сенките.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)