најпрвин (прил.) - бев (гл.)

Најпрвин беше Луција П, сегашна Земанек, мојата Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Извини, но најпрвин бев изненадена.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ваквите системи, познати првенствено според нивните на глава монтирани дисплеи и ракавици најпрво беа популаризирани од страна на VPL (virtuo pro­ gramming language) Incorporated.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Виртуелната реалност според ова гледиште подразбира сензорна имерзија во една виртуелна средина.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Имено, порано утврдените 9 прекршочни поведенија најпрво беа зголемени на 20 (чл. 41 од ЗИДЗРО/септ.10), а со измените од јануари 2012 беа воведени само мали измени од техничка природа.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Единствен исклучок претставуваше една лоша книга со наслов „Азбука и залутани записи“, каде најпрвин беше раскажана токму неговата приказна.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Најпрвин беше замислила еден сосема класичен и глупав почеток: директорот на училиштето да им се обрати на учениците и родителите со свој говор (сите знаевме дека тоа е неверојатна глупост, оти Фисот не знаеше да срочи повеќе од два збора на хартија, и тоа под услов да бидат напишани во два различни реда; тој имаше страст за решавање крстозбори и анаграми и сите имавме впечаток дека допрва ги учи зборовите како средство за изразување).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Останати промени а) новина во основните одредби на ЗВРС е обврската на АВРМ, по службена должност да направи прекин на работниот однос, по истекот на важноста на работната дозвола ако со неа бил заснован работен однос преку соодветен образец (чл. 1 од ЗДЗВРС/окт.13); б) со интервенцијата на Уставниот суд кај ограничувањето за нови вработувања или работа, најпрво беше касиран противуставниот текст кој нормираше дека доколку работодавачот не ги намирил своите обврски за даноци и придонеси, нема да може да добие работна дозвола за вработување на странски работник.66 Се пропиша уште еден дополнителен случај кога барањата за издавање на работни дозволи за странец, поднесени од работодавачи основани во РМ ќе се одбијат, а тоа е кога „постои негативно мислење од страна на Министерството за внатрешни работи во однос на издавањето на работната дозвола.“ (чл. 2 од ЗДЗВРС/окт.13)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)