најпосле (прил.) - не (чест.)

Дури најпосле не се зададе полека, кротко, со сите свадбарски церемонии сериозниот дел од војската — со сите главешини: стариот сват, нункото, деверите, меѓу кои и зетот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Па најпосле не сум ни јас од последните. Сум минал и јас в затвор еден ден, ќотек јадов, ме запишаа во црната книга.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Онисифор Мечкојад ја извлекол пушката од сламата и ја подал кон сенката над него. - Земи. И остави ме. Сакам да спијам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најпосле не можел ли друг да му пушти крв на старчето, не можел ли друг да докажува дека од грст пепел на оној што е апнат од змија не се окотува змија со капка отров во коренот на иглестите заби.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Белата капа од главата на Водно се зголеми, некој невидлив ѝ наддаваше петли на долните рабови и растејќи слегуваше сѐ подолу и подолу додека најпосле не се претвори во бело платно што едно утро го открија врз покривите на куќите и врз калта на улиците.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кога поручаа, Горда стана да си оди, но железничарот ја предупреди дека го испратил последниот патнички воз за дента, а жената ја кандисуваше да преспие кај нив, додека најпосле не изнајдоа дека токму сега поминува шинобус за кој треба да се доплати, па Горда набрзина се испрати со нив, го бакна детето во сон и истрча да го стаса писокот што наидуваше од блискиот свиок.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Го раскрвавив, ама тој не застана додека најпосле не успеав уште еднаш да го удрам по глава, ама овој пат салам го удрив и падна. Се скроти мајчиниот...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Доначудување немаа ни откако правта слегна и се растргна, враќајќи им го пред очи селото какво што си го знаеја, но им остана да нагодуваат каде застанала колата, додека најпосле не се досетија дека застанала пред одамна испустената и во скреби зарасната куќа на одамна изумреното и поштомено семејство Веговци, на висот над реката, речиси над село.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во прво време повеќето дури беа и задоволни сѐ додека најпосле не видоа колку скапо им се фаќаше тоа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се закараа децата додека Пеце најпосле не им рече: - Ајдете утре да одиме со воловите на Герово Кладенче, да го најдеме деда Гера војводата и да го прашаме: крив ли е Мартин или не е?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дико тоа чекаше. Се правеше неизмолив и упорно повторуваше дека Бошко ќе треба да си плати за грешката додека најпосле не рече оти тој сака да му помогне, ама еве не може.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Па синот се решил за средината: скришум си земал од грнето на татка си додека тој најпосле не го сетил.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)