најпосле (прил.) - тој (зам.)

И најпосле тој сосема се долепи до студената коруба на стеблото.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- „Јано, свика најпосле тој, донеси нешто да ги почестиме момчињава.”
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се сопнал а можеби и сакал така да се случи, не знаел (најпосле тој трик можел да го научи во лесновската шума од неуморниот заведувач Арсо Арнаутче), паднал повлекувајќи ја и девојката со себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најпосле тој мораше да ја прифати навиката просто со наведната глава да излезе колку што може побрзо.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ридот со неколку дрвца стрмно се качувал кон својата гола грпка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)