најмногу (прил.) - негов (прид.)

Ги освојуваше најмногу неговата добродушност и попустливост.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Тоа беше еден негов лов, сите во неговото село му признаваа дека тоа е најмногу негов лов, во кој секогаш се впушташе, а сега неочекувано му стоеше тука, во таа длабока трага пред него, и го мамеше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таа, намрштена, влегува во гардеробата како намќор и сѐ „испробава“, малку себе, малку фустаните, а најмногу неговите нерви.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)