најмногу (прил.) - ги (зам.)

Нејќам луѓето да ме носат во лоши спомени, мислам не е фер.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сакав и цвеќе да ти донесам но не знаев кои цвеќиња најмногу ги сакаш. (Старицата почнува да се гуши) Затоа решив да те пратам на еден супер трип.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во партијата најмногу ги чудеше и ги загрижуваше дружењето и пријателството на Чанга со татко ми. Тоа им беше трн в око.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А продажбите најмногу ги правев преку Цариград, оти таму имав и свои луѓе што ме спомагаа со збор или со дело.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На ова се надоврзува и неговиот пристап кон монтажата: педантно чување на неуспешни, безвредни сегменти од филмот, од една страна како сочувување на автентичноста (кај Ворхол нема лоши кадри или лоши актери: „Обичните луѓе се феноменални... снимајќи ги, не можете да направите лош филм“), и од друга, како мета на специфичниот фалш
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
(„1969. почнавме да ги монтираме филмовите. Но, дури и кога се во прашање нашите филмови, јас најмногу ги сакам остатоците. Исфрлените кадри се прекрасни. Скрупулозно ги чувам“).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во сефардскиот печат, дури и во умерениот „Ел Тиемпо” го напаѓаа за неумерено покачување на рабинската плата, а уредникот Јицак Давид Флорентин, еден од угледните личности на Солун што ги запозна уште при првата посета на градот, дури без стегање напиша еден текст од секташки позиции: изворот на арогантноста - ѝ поминува низ мислите текстот што најмногу ги здоболе и Цви и неа - е ашкенаското потекло на главниот рабин; таму, според тој луд Флорентин, лежи причината за тешкиот, автократски и нееластичен карактер на главниот рабин, додека без срам потаму пишува дека „ние Сефардите сме луѓе со слатка, флексибилна и добродушна расположба”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Цви веќе цврсто ги држеше уздите на власта, а таа силна запрега тој ја тераше во ризичен трк, опиен од слободата што, за разлика од Жешов, Виена и Берлин, тука широко му ги отвораше своите простори...  Таа знаеше дека дел од критиките се точни.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Најмногу ги има во Париз и блискиот Руан.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Можеби затоа најмногу придонесуваат опитните таксисти, кои најмногу ги полнат истанбулските улици.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Гронинг: Постои голема грижа за негативното влијание што разни слики и идеи го имаат врз детето, но се сеќавам дека како клинец бев фасциниран од крајностите на човечките напори и тоа посебно од негативните крајности - смртта и насилството и слични морбидни нешта - бидејќи тоа е она што најмногу ги растројува луѓето... 116 Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Кој тип луѓе најмногу ги сакате? Градителите. А кој најмногу го мразите? Рушителите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Климент Камилски и Татко најмногу ги зближија книгите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Со качамакот што му остана, ја нагости Стрела, а Кротка, која од сета храна што ѝ ја нудеше, најмногу ги сакаше јаболката, доби двојно повеќе.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А третото, тоа и најмногу ги копкаше жителите на Потковицата - од каде на Јанческите толку пари за да можат да купуваат земја?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од сите луѓе коишто ве познаваат, кој би бил во најдобра позиција да прикаже некои детали кои би ми биле од помош? • Како би можеле тие да увидат кои промени во животот вие најмногу ги посакувате? • До кои заклучоци тие би можеле да дојдат во врска со вашите намери за промена врз основа на ова? • Што би можело ова да каже за тоа кој животен стил вам најмногу ви одговара?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тие израснуваат од контекстот на дијалогот, и секое од нив треба да биде чувствително усогласено со одговорите на претходните прашања. (а) • Ако јас бев набљудувач на вашиот живот кога вие бевте помлад, што мислите дека би можел да посведочам во прилог на подоброто разбирање за тоа како сте успеале да го постигнете она што неодамна го постигнавте? • Што мислите дека ова мене ми кажува за тоа што сте сакале во вашиот живот, и што сте се обидувале да постигнете? • Што мислите дека би можело ова да ми открие за она што за вас е највредно? • Ако успеете да го задржите ова знаење за тоа кои луѓе ви се најблиски во текот на следните една или две недели, како би можело тоа да се одрази на вашиот начин на живеење? (б) • Од сите луѓе коишто ве знаат, кој би бил најмалку изненаден со тоа што сте го преземале овој чекор на соочување со проблемите на вашиот живот? • Што можат тие да посведочат дека сте правеле, во изминатиот период, што би им овозможило да претпостават дека вие би можеле да преземете ваков чекор во овој момент од вашиот живот? • Што мислите дека ова им кажувало, во тоа време, за вашите способности? • Што би можеле тие да претпостават за вашите цели со преземањето на ваква акција во овој момент од животот? okno.mk | Margina #4-5 [1994] 53 • Кои активности би си ги довериле себеси, земајќи го предвид она што во овој момент го знаете за себе? (в) • Би сакал да ги разберам основите на овие постигнувања.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Мислеле дека се родени надвор од својот природен елемент, дека имале некое тајно царевно потекло – дека биле кнезчиња што по некоја зла судбина, од таинствени причини, онакви новородени биле дадени да ги одгледува семејство на селанчишта и дека само го чекале денот кога ќе им се обелодени вистинскиот идентитет, кога ќе се развражи вражбата и кога конечно ќе се ослободат, ќе се ослободат од здодевните секојдневија на обичниот живот меѓу нормален народ и кога конечно ќе се вратат на местото во општеството со богатите и славните што по правдина им припаѓа, во друштвото на убавиот и најпрефинет свет.259 Копнежот по живот во естетска милост и во естетска хармонија, во сетилен раскош и задоволство, поривот да се издигнеш во светот и да се дружиш со повисоките сталежи, стремежот да стекнеш, собереш и да трошиш – да се опкружиш со убавини, реткости и скапоцености или, во случајот на Пол, со „згодни работи, со придушена светлина и со свежо цвеќе“ – сето тоа почнало да ја симболизира суштината на извесен вид машки геј-субјективитет, и тоа уште од времето на Оскар Вајлд.260 Во својата неисцрпна студија на Вајлд и на машката геј-култура, Нил Бартлет му посветува цело поглавје, насловено „Сопствености“, на односот на геј-мажите кон нивните ствари.261
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како што „прекумерната сентименталност што била неопходна состојба на сентиментите не дозволувала никаков вистински предмет“ – сентименти кои бродвејскиот мјузикл ги негувал кај своите протогеј-обожаватели, според Д. А. Милер – упорната желба на геј-мажите за скапоцени сопствености потекнува, според Бартлет, од едно постојано чувство на темелна фрустрираност поради тоа што предметите кои најмногу ги посакуваме нам ни се особено недостапни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Туку, нека им е, такви ги создал Господ и тој ги трпи иако син му и мајката на син му најмногу ги пцујат...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ветриштата силни и од нога те корнат и огромна бучава шират меѓу столетните стебла, во бранови удираат на карпестите бездни што најмногу ги има на јужната оголена и карпеста страна.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Имаме секакви, но најмногу ги претпочитуваме нашите домашни чаеви – одговори Дитта.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Гемиџиите не се труделе да навлезат во суштината на анархизмот како филозофска концепција; нив најмногу ги интересирала и привлекувала практичната страна на ова учење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сара полека се наведна и, иако седеше, мислев дека ќе падне, ќе се струполи на подот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дури и најмилите – кои најмногу ги сакав се туѓи, потуѓи од останатите…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Што ако ти ме отфрлиш, како што ме отфрлила мојата мајка по раѓањето?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го знаев тој нејзин обичај – да сонува на книгите кои најмногу ги сака.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Копнеам по видици кај што човек не стапнал, по место каде што жена не се насмеала ни заплакала…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Што ако ми е судбина да ги губам оние кои најмногу ги сакам?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Проколната беше со своите сеќавања, кои најмногу ги имаше последниве години откако остана сама.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Затоа ви велам: човекот живее со своите гревови од минатото и секојдневно прави нови, грешејќи им помалку на туѓинците, а повеќе на браќата и на сестрите свои, на оние што најмногу ги љуби.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не гледај ме така. Јас и ти сме единствено луѓе кога ги напуштаме оние што најмногу ги сакаме.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ама на снегот најмногу ги фрламе алиштата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги открија и нештата кои најмногу ги зближуваа, а тоа беа спортот и поезијата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но Видуша го молеше да им дава и слики со дечиња зашто нив најмногу ги сакаше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Транспортерите беа сѐ уште пред резиденциите, а најмногу ги имаше пред претседателската палата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Припаѓаа на три вери, беа рисјани (православни и католици) и во голем број преобратени во муслимани, без да бидат тврди во ниту една религија, повеќе од различните вери најмногу ги поврзуваше албанството, стапуваа често во мешани брачни заедници, не познаваа верски судири во историјата, видни дејци, интелектуалци, писатели, живеејќи во туѓина повеќе беа прелеани со клучни вредности кај другите отколку кај своите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Верниците од двете религии почнале да го отстрануваат и тоа што најмногу ги делело, верските разлики, формирајќи заеднички култни места, а изгласале и заеднички свети лица.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој најмногу ги мами народите...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но најмногу ги сакавме убавите сончеви летни денови и свежи вечери.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Му кажа дека тоа е една од работите што најмногу ги сакала, отсекогаш.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не плачи мајко што настран сум станал времето е модерно, времето е анал педер да бидеш ич не е срамота таквите најмногу ги примаат на работа
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Она што луѓето најмногу ги вознемирува не е потребата да ја потиснат желбата, туку потребата да го сокријат она што го сакаат, го работат и мечтаат.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кризите ги погодуваат екстремно страсните и сензуелни врски, а во несексуалните односи тоа се доживува како мамење.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Му реков на дед Павел: "Можеби не знаеш а можеби и си претпоставувал, ама нашите деца, во оние ноќи кога најмногу ги немаше, сигурно го правеа она најопасното; беа влезени во некоја голема авантура.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не знам како ќе го сфатиш ова што ќе ти го речам сега, но Белогардејците најмногу ги засакав тогаш кога дојдоа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Биди благодарен дека излегоа од тој ѓаволски оган здрави и живи".
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
АРСО, ТЕОДОС, И СТОЈАНКА СТОЈАНКА: (Доаѓа со стомна на бунар. Поздравува срамежливо, но убаво.) Добро утро.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Циганите најмногу ги држат адетите, и нивните, и нашите.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ноќта е црна постава на денот што се превртува како маскарада Таа е темната утроба на гласот што низ сите ѕвезди везе молчење Најмногу ги сака постелите кревки сред шумниот мирис на боровите Интимна е тогаш и гола како страст што низ смеа мами вечна тишина Па ако тлее нешто живо во неа ќе пеам што мртво не е уште сѐ
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Меѓу нив сигурно мојот живот и моето пишување најмногу ги означија Едгар Морен и Елен Лејбовиц... 4 јануари 2001 г.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кога завладува тишина и молк, тогаш најмногу ги има липањата и воздишките.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И власта таквите најмногу ги сака...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Најмногу ги споменуваше душманите, мислејќи на Турците и на Фанариотите за кои дури подоцна разбрав оти тие биле грчки попови и гркоманите.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Се разбира, најмногу ги испашило тоа што кучето почнало да се вртка низ авлијата како што ние игравме со срната и најпосле ја управило трагата кон долното порте каде што излеговме со срната.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Но, што можам кога едноставно некои нешта се недостижни тогаш кога најмногу ги посакуваме и ни личат на сон.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мечтаеме за нив и го чекаме денот на остварување на мечтите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Како да бидеш среќен кога тие што најмногу ги сакаш ќе те напуштат?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)