најдобар (прил.) - го (зам.)

Со мајчин османскотурски јазик (со арапските и персиските примеси), со турскиот јазик според реформите на Мустафа Кемал Ататурк, од времето на студиите во Цариград (исчистен од арапските и персиските зборови), со албанскиот татков јазик, со германскиот, францускиот, италијанскиот и грчкиот јазик, учени, некои недоучени за време окупациите на Поградец, тој во турскиот сепак се чувствуваше најсигурен.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко, кој во животот беше на вистинско јазично распаќе, тоа најдобро го чувствуваше.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се надевам дека нема да биде така, како што сите се плашиме дека може да биде.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Се надевам дека по десет години, без многу мистифицирање, ќе можам да го правам она што најдобро го знам.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тоа најдобро го почувствуваа Виктор и Рада кои од страна го држеа за рацете.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тие места, тие видливи шевови на текстот, најдобро го откриваат духот на времето во кое живееме; на тие места напишав нешто од гнев, од јарост, а не мислев така; и ден-денес не мислам така.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кирков, кои најдобро го познавале градот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- Не плаши се, Бреза, животот во страв е половина живот – би ти рекол нашиот Игбал.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Многу ми се допаѓа, ти тоа најдобро го знаеш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Така што ќе го земеме нивниот хардвер, и ќе го направиме она што најдобро го знаеме, ќе изработиме софтвер за него.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Овидие тоа најдобро го чувствува.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Во тие свои калкулации, политичкиот врв на Велика Британија се обидел, ако може, да ги инволвира и Советите во намерата да се формира балкански блок, па дури биле подготвени тој блок да биде под патронат на СССР.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тоа најдобро го илустрира Халифакс, кој во 1940 година, меѓу другото, ќе истакне дека Британците на Балканот ќе мора да се истегнат "колку што им е чергата".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тоа најдобро го почуствував во болницата каде што ме оперираа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Пелагија тоа најдобро го знае и ѝ кажува на мајката Перса со топол глас Во најубавите години Богородица истури гнев врз мојата Добра и врз мене, рано ја загубивме нашата мајка, не беше сведок на сеопштиот срам, а натаму низ животот бевме благословени со неколку мајки.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Можеби лошите песни најдобро го потврдуваат тоа - забележа тој.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А детството памети сè што му било скратено, ти тоа најдобро го знаеш.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тоа ние најдобро го знаеме.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А тоа мислам најдобро го изрази дед Павел кога му рече на татко ти: Семјон, вели, би сакал син ти да беше поголем од Аксја.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А тоа најдобро го правела мирната вода.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)