најверојатно (прил.) - ќе (чест.)

Минатиот ноември ја доби Сименсовата награда за медиуми, 20.000 марки, коишто најверојатно ќе ги скрие во својата куќичка во Lawrense (Kansas). 8 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Негативни искуства: Со споменатата зголемена мисловна способност најверојатно ќе им здосадите на сите околу вас, при што можете да искусите жестока параноја.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Најпосле, Тоа мора да зборува, затоа му треба барем неговата вилица и вокалниот тракт, Тоа мора и да слуша, затоа му треба неговиот перцептивен кортекс и ушната школка, му треба и неговото внимание, затоа најверојатно ќе преземе и дел од неговата мозочна кора.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Моите анализи за овој проблем најверојатно ќе бидат објавени во еден од следните броеви на ‘МАРГИНА‘. 15. JOHANN GOTTLIEB FICHTE ‘ODREDENJE COVEKA‘ во ‘ODABRANE FILOZOFSKE RASPRAVE‘, KULTURA, ZAGREB, 1956, str.67. 16. ‘Јас, кое говори во книгата, никако не е писателот, туку тој сака, тоа да стане неговиот читателќ - во предговорот на цит. изд. 17. стр. 95 од цит. изд. 18. JOHANN GOTTLIEB FICHTE ‘OSNOVA CJELOKUPNE NAUKE O ZNANOSTI‘, NAPRI- JED, ZAGREB str. 41. 19.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Се напија уште по неколку пива и разговараа за ураганот и сите се согласија дека следниве неколку дена, најверојатно ќе го испотат газот од работа, и тоа доведе до неколку изјави, безобразни и бунтовни, за природата на армијата на САД.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
„За утеха, останува само едно нешто. Останува за планетата Земја да водиме сметка така како што поединци умеат и можат да се погрижат за здравјето на своето тело и својата душа за да го поминат животот без болести, здрави и весели и со надеж дека најверојатно ќе поживеат некоја година повеќе, со добра сетнина.“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Реков дека џезот многу ми значи, дека по завршувањето на училиштето најверојатно ќе избегам од земјата (да ја избегнам воената обврска) и дека најверојатно ќе студирам џез-академија во Берн.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Немој да нè чекаш, ќе се задржиме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На масата ме чекаше вообичаено писменце, како што секогаш правиме кога некој ќе излезе, а претходно не го соопштил тоа: „Ние, со татко ти, отидовме во Драмски, а потоа најверојатно ќе седнеме кај Крап во кафеаната.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Верочка, најверојатно ќе намине...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во меѓувреме, Лири си подготвил „табела за квалитетот на животот” во која со бројки секојдневно обележува колку ужива; кога ќе ја допре најниската обележана точка, извршителите на неговиот тестамент и неговите пријатели ќе треба да го исклучат од овој свет (крајот, претпоставува, најверојатно ќе го дочека врзан за машините за одржување живот).
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Песната беше пркосна одбрана на поединечните различности, особено на оние стигматизирани, поради кои „си изгнаник, те тормозат и те зафркаваат“, а имплицитно е укор за библиски заснованата хомофобија, особено на нејзиниот евангелски христијански подвид, која хомосексуалноста ја смета за грешен избор, наместо за природна, вродена состојба.135 И покрај предвидувањето на Елтон Џон, диско-класикот на Глорија Гејнор од 1978 година, „Ќе преживеам“ (I Will Survive), кој ни најмалку не упатува на геј-мажите, најверојатно ќе ја преживее „Ваква родена“ (Born This Way).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во настраните кругови, најверојатно ќе ве зафркаваат и ќе ве тормозат сѐ додека не ви стане јасно...
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Најверојатно ќе ја напуштев гимназијата ако се случеше вошката што ја фати Нанчо да се прошеташе по кафената боја на костумот и да ја посочеше некој со прст. За среќа, ја улови Нанчо. Сполај му барем за тоа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Најверојатно ќе се нафатиме, ама прво да ни се приберат семејствата од Гаково, оти како да го правиме тоа во едни вакви услови?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Маџирчето, братучедот од Битола, кој во Скопје по некаква потврда за да го ослободат од служење војска, исто така придодаде доста кон она што го собирам за Несреќни луѓе, ама исто така неговата потврда беше доказ дека веќе примил југословенско државјанство и најверојатно ќе му доделат и стан.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Уште на пристаништето меѓу Грците кружеше веста дека ќе бидат товарени во полски брод, значи најверојатно ќе отпловат за Полска.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сега таа е и подвижна (пластични лични карти) и виртуелна (база на податоци).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Новите предложени лични карти ќе бидат „паметни“ (поврзани со база на податоци која е во мрежа и може да се пребарува), ќе имаат биометрика и „најверојатно ќе се користат за широк спектар на активности надвор од полициската контрола и административната функција за која во моментов се користат ваквите документи“.56 Ова отвора значајни прашања во врска со заштитата на приватноста и граѓанските слободи (на пр. слободата на движење).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
На масата садовите се поставени наопаку, но не паѓаат, чинијата полна јадење, виљушка, лажица и нож, парчиња леб и чаша ракија од суви сливи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
2. Ако сте го прочитале упатството за Асенета под точката 2, тоа се однесува и на вас, па еве го сонот што Вам ви се задава за спомнатите цели, со забелешка дека тоа е машки сон и дека јас го сонував, па најверојатно ќе можете и Вие да го сонувате, Аристине...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Доколку таквата меѓусебна врска е многу силна секоја, дури и најмала промена во стратегијата најверојатно ќе доведе до промена на карактерот на вкупната прилагоденост.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Оваа птица овде најверојатно ќе ја надживее Сани.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Размислува за тоа колку е гладна, кога некој ⥊ нуди половина сендвич со џем и путер од кикирики.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Всушност, жената го натера своето дете да го подаде бебешкото раче кон нејзе како таа сега да е некој ѕвер без канџи до кој вашето дете може да се приближи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)