најверојатно (прил.) - го (зам.)

Не можеме да знаеме сигурно што Кондијак подразбирал под “наука”, но тој сигурно го немал ограниченото значење што ние сега го имаме за тој термин.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во правецот кој тој најверојатно го посочувал пред да биде соборен (по ридот нагоре, малку на лево) имаше само букова шума, и тоа речиси целосно уништена од минатогодишните летни пожари.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Тој најверојатно го употребил со многу пошироко значење. (Патем, пред да западнеме во некоја непотребна тешкотија, јас не сум во состојба да тврдам дека терапијата е “научна”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)