начисто (прил.) - туѓ (прид.)

А како да се формира, најпосле, ако не во однос на постојните општествени модели на родот и сексуалноста, отелотворени и во најраните старатели на детето и во родовите вредности што спаѓаат во културните вредности што тие старатели му ги изнесуваат на детето – а кои ги обликувале и нивните сопствени стилови на однесување и на емоционално изразување?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј- (или протогеј-) субјектите може и тоа како да ги доживуваат тие стилови на изразување, заедно со целиот конвенционален општествено-семиотски систем на родот и на сексуалноста што ги прожилува, како неконвенционални, ако не и начисто туѓи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Диференцијалното родово исцртување на културните облици го создава (хетеронормативниот) општествено-семиотски систем во кој учествуваат старателите на детето, систем што веќе придонел кон обликувањето на нивните сопствени субјективитети и кон утврдувањето на нивните лични стилови на чувствување и на однесување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во такви околности, не е некакво изненадување што многумина геј- (или протогеј-) субјекти им се опираат на приговорите од традиционалните кодови на мажественоста и женственоста или што гледаат штуро значење за себе во културните облици и активности кои таквите кодови ги обојуваат како традиционално мажествени или женствени.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)