натаму (прил.) - упорно (прил.)

Му се чини, а и како на другите да им станува јасно, дека наскоро сиот воздух во собата ќе се истроши и тие сите ќе поцркаат, додека под скафандерот, Мишкец и натаму упорно ќе продолжи да се бори за живот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Зборува смирено, напати со доверлив глас, излезен од линијата на инструкциите. Јас и натаму упорно молчам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Татко продолжи и натаму упорно да гледа во одминливите води.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И така, си доаѓаше, па си одеше. И сега е тука. - Тука? - Да, тука.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
II група – аморфниот бран дошлаци. Се одбива од незаинтересираните карпи на добростоечките, но и натаму упорно бучи и длаби.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
А јас и натаму упорно молчев, престанав да ја хранам Централата со нови податоци.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„А зарем телото на овој збор, од гласови сочинет, не потсетува на телото на првиот збор?“, прашуваше натаму упорно Филозофот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)