насила (прил.) - го (зам.)

Му кажа дека нејзиниот брат загинал во војната и дека ги мрази нацистите кои насила го зеле и го спотерале на фронт.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Се присетуваше и како насила го оттргнуваше од татка му не оставајќи го да вежба за да му се разработи десната рака, ниту да седи кај татко му во лабораторијата и да се занимава со работи што тој му ги даваше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Слушам сѐ уште се гледаш со онаа белосветскана што пред две години насила го натера мажот да се обеси.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)