насекаде (прил.) - низ (предл.)

Беа дојдени божем за да вршат маневри, а всушност ги прогонуваа нашите партизани и вршеа реквизиција на новоовршеното жито.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш Потковицата беше завојувана од фашистите. Фашистички војници и полицајци, заедно со нивните палатки имаше насекаде низ Потковицата, дури и на срецело.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ги естате насекаде низ собата.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Некако бев вкоренета во гласот, го чувствував како ми минува низ телеото, како жива духовна мисла, штотутку осознаена, која се распрснува насекаде низ телото и ме чини свесна за мигот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Откако по улицата стивнаа веселите поздрави на ослободителите кои маршираа насекаде низ градот, за првпат по долго време таа ги слушна нивните воздишки наместо нејзиното плачење.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Уште пред двеста години царот Иван Асен, кој се потпишуваше како цар на Бугарите и на Грците, прв им ја даде на моите претци грамотата насекаде низ царството да продаваат и купуваат слободно, и никој да не смее да им напакостува, било по патиштата, било на пазариштата. Токму како што вели законот за трговијата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Постојат стотици договори за трговија со медитеранските градови и со балканските владетели,” извика Марин Крусиќ, „а трговските колонии на дубровчаните, како што треба веќе да знаеш ибн Тајко, насекаде низ Балканов се под посебна заштита.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
По цел ден береше смил, горе високо над ливадата, плетеше златно – жолти венци со разни големини и ги закачуваше насекаде низ куќата, најмногу горе во нејзината соба.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Убава беше нашата куќа таква накитена и намирисана со тоа чудно и чудесно цвеќе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- О, мајко! Мајчице мила, изгорев! Умрев, - рече и избезумено почна да бега, горе, долу, насекаде низ домот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Или обратно, не е толку важно.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Кога ќе види, што ќе види: мајчиниот топол поглед заменет со мртовечки череп, како оние што ги има на секој трансформатор насекаде низ светот и под кои пишува: внимавај, опасно по живот!
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
„Мислам, би требало некои делови да ви ги прочитам: - Во нашиот град ниту загрижените еколози, ниту посебно ангажираните работници на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ не можат да ги отстранат и исчистат ѓубриштето и дивите депонии што никнуваат насекаде низ градот, во неговата околина и покрај јавните патишта.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Разбрав од еден италијански војник - продолжи да објаснува Горјан - дека насекаде низ Албанија ги смениле Германци.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Види Edward S. Cohen, “Globalization and the Boundaries of the State: A Framework for Analyzing the Chang- ing Practice of Sovereignty,”Governance, Vol. 14, No. 1 (January 2001): 81. 40 ограничуваа движењето на луѓето, стоките, капиталот и идеите.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Сепак, истовремено, насекаде низ светот се сретнуваме со бројни примери на меѓународни граници кои стануваат сè поцврсти и понепробојни.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
„Сета моја работа ќе пропадне ако не сакаш да помогнеш. Ќе виси насекаде низ куќата...“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)