наполно (прил.) - го (зам.)

НИК “Наша Книга“, Скопје 1975.,26-27. 206 Според планот на ГШ на НОВ и ПО на Македонија со Тратата македонска бригада дејствувала Осмата македонска бригада. 207 Ibidem. 27. 208 PRO WO 202/515 A 209 PRO WO 202/369. 210 Се однесува на 41-ва МНОД на НОВЈ. 211 Во времето до 1 до 7 септевмри 1944 година 41-та дивизија наполно го разурнала патот и железничката пруга Велес-Прилеп и во повеќедневните борби против германските и бугарските трупи успеале овие комуникации да ги задржат во свои раце.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Едно пролетно утро, искачени на Калето, по обичај, погледите првин ни се упатија кон плоштадот и сега се судрија со една необично подвижна белина што наполно го исполнуваше просторот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Еве на кој начин самиот Шатев го поврзува и го објаснува местото на Делчев во гемиџиската акција: “Тој (Гоце) наполно го усвои, го поддржуваше и одобруваше таквиот вид на борба (диверзии - динамитни акции), зашто беше против едно предвремено општо востание кое при тогашната општоевропска и општобалканска положба, освен што немаше да даде некои позитивни резултати, напротив, ќе ја растроеше уште повеќе ВМРО, без дури да се предизвика каква и да е интервенција од страна на големите сили.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тогаш наполно го сфатив и постариот колега што, еден ден влегувајќи во мојата канцеларија, ми рече: - Многу прав ми се насобра во грлото.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Работата во фабриката наполно го исполнуваше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога наполно го расони, го праша: „Што ти би тоа?“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И јас наполно го оправдувам таквото сфаќање: сè до прогонот тој и немал потреба да размислува.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)