наопаку (прил.) - поставен (прид.)

Со тоа свое широкозамавно клатење на горниот дел од телото од темето до половината потсетувал на клатно од наопаку поставен ѕиден часовник.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Се возбудив кога се потсетив како моите посетители рекоа дека личи на клатно од наопаку поставен ѕиден часовник.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Вознемирен за нештата околу себе, за себе мислеше дека е во незавидна фрустрирана состојба, бидејќи се чувствуваше, на меѓата помеѓу возвишениот врв на успехот и понижувачката ништожност на пропаста, само што во овој случај беа наопаку поставени.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)