наоколу (прил.) - лежи (гл.)

Секаде наоколу лежеа предмети расфрлани овде-онде по собата, без никаква надеж некогаш да бидат средени.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Наоколу лежеше тишина; во тишината се слушаше како шумно удираат притките по застојаната вода, од време на време прелетуваше со гладен крик понекоја птица риболовка или штрк.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)