намерно (прил.) - го (зам.)

Кога стигнаа на Зедница, и после, додека минуваа низ населбата, жените со кофи истураа вода пред нив, за да им помине лесно работата, како по вода, а полицајците сè уште уверени дека ќе успеат да ги убијат Ѓорета и мајка му Трајана, некако радосни, скокнаа во џипот и по Пазарџиски Пат одмаглија накај Прилеп.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А тогаш, кога ја качиле бомбата на кола, Трајана ги набркала сите седуммина мажи, сина си Ѓорета намерно го испратила да оди двесте-триста чекори напред пред колата, божем за ако има камења да ги отстракнува и да ѝ кажува која има дупки, а сама, откако се прекрстила, ги повела воловите, и - нога за нога право прудолу.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа беше сеќавање што веројатно намерно го туркал од свеста во текот на многу години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можеби Господ намерно го создаде бесчеден, полесно да се отуѓи од сè освен од кревката одбрана на мислата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Јас, се разбира, бев никој и ништо, една обична вообразена провинцијалка со гордост до небото, а шанкерот само повеќе се нервираше на моите изјави иако знаеше дека намерно го подбуцнувам неговиот западен менталитет.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Душка! Овој, - намерно го изостави она господин , е мој пријател кој е на поминување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Првото мислење за тоа како ѝ стои намерно го побара од Ѓорѓе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
39 Ова имплицира дека некој намерно го ставил случајот на страна, сè со цел факторот „време + трошоци“ да ги натераат тужителите сами да се откажат од тужбата, што и делумно го сторија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со оваа пресуда беа поништени одлуките за отказ како незаконити, а туженото претпријатие требаше, во рок од осум дена, да им ги надомести трошоците сторени во текот на постапката – кои беа одмерени на рекордни 102.920 МКД (1.690 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во таа уметност, на стари ноти, во познати тоналитети, наместо за прекуморско писмо од љубената, се пее за мобилен телефон; наместо за параходот што заминува, се пее за семафорот што го разделил љубовниот пар, оти таа минала на зелено, а тој морал да сопре на црвено; се пишуваат дебилни романи во кои една иста жена, Македонка, трипати ја силуваат, за петнаесет минути, еден по друг, српски, грчки и бугарски капетан, па со тоа се изразува трагизмот на македонската жена и на македонската нација поделена меѓу три аждери што сакаат да ја лапнат (притоа, овој раскошен дебил од писател не ни помислил дека на жената можеби ѝ е убаво со тројца, особено што сите тројца едвај издржале петнаесет минути, што за здрав маж е одвај десетина од сексуалната игра (овде намерно го натценував траењето на сексуалната игра, за да ја пленам Луција; очигледно, уште ми значеше, и покрај сѐ што ми стори).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Намерно го рече тоа пред новиот кадија, за тој да не се занесува со она што се занесуваат сите новодојдени, дека ќе го менат светот и ќе бидат поправедни од другите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сакав да ѝ одговорам дека и птицата и ѕвездата се како вистински, ама се сетив на онаа болка што пред малку ја почувствував и на тоа како Игбал нежно ја погали по косата, и намерно го премолчав тоа што можеше да ја израдува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Елена сето тоа намерно го зборуваше.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Пред малку, можеби сосема случајно (а можеби и не), твоето поранешно уверување дека другарот Ѓурчин ти е татко го нарече фама.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дека ти од поодамна си раскрстил со оваа заблуда?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Затоа и не сум спремен да ја обвинам дури и под претпоставка дека таа од некои нејасни причини намерно го потхранувала сомнението што Огнена Гулева во купето во мое присуство го изрече.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали би можел јас таквиот исказ да го протолкувам како твое уверување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ова не е пропуст или незнаење, туку намерно го направив со цел читателот да вложи личен труд во дополнувањето на списокот кој го обележува македонскиот влог во сопствената трагедија и пораз, во сопственото уништување и по заслуга на сопствените водачи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
По некое време и намерно го пресретнуваа, за да проверат дали во главата-музеј има изложено некоја нова слика. Попусто.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Околу пет часот знам дека не треба да гледам на часовникот поради пет и дваесет, ама понекогаш ми се чини дека намерно го погледнувам тогаш, за мој инает.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Мора да сум му рекла и „чао“.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ова збунување што јас намерно го предизвикав кај моите посетители, ги натера да се загледуваат во луѓето низ градот така изложувајќи се на опасност.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И до толку ги заплеткаа работите што будалиот од паметниот не можеш да го разликуваш.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тоа тие намерно го направија.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)