налутен (прил.) - го (зам.)

Фацата на мама Кристл беше во прашалници, па налутено го тргна позлатениот тањир не би ли спречила понатамошна конверзација, а ја почнав да го газам маж ми под маса за да престане да дрочи.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Сестрата налутено го погледна, целиот бут го премачка со јод и отиде да го поткаже на лекарот - хирург.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Златко налутено го гледаше, зашто не му текнуваше кој го поткажал.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)