назад (прил.) - по (предл.)

Ќе ја фрлев чантата и со трчање ќе слетав назад по скалите.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
— Мојот предлог е да одиме заедно до Ливада, та таму малку понараат ќе се договориме кој каде ќе фати.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е, попе, Иге, Милане, Тоше! Пак назад по трага откај што дојдовме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој ќе се свртеше и ќе тргнеше назад по шапката.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Гоце киниса... Од двете страни го испраќаа сестричките, а назад по него одеа мајка му и татко му.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)