наеднаш (прил.) - и (сврз.)

„Каза ноастра и мунтиле?“ рече наеднаш и дубровчанецот насмевнат, прочитувајќи му ја мислата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Шибан со трња и гранки на ноќта, со обеспокоено срце од вино, белецот со опаш на виножитен лак се нашол во логорот на Турците помеѓу огнови и шатори, сам и долговрат, наеднаш и самиот изненаден од живите сенки на војниците и сепак - горд божји гласник.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Имотските луѓе, кога пристигнуваат, сите наеднаш и на сите наеднаш им велат Добар ден а Максим вели уште и Седнете, луѓе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во главата му лежеше тежината што му пречеше да се отрезни наеднаш и да ја сфати својата положба.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Садриазамот, наеднаш и страшно, извика Илјери и во истиот миг на врвот на јатаганот го крена лебот од тарунот во рацете на старецот, го сврти коњот во полукруг и го бодна спрема прудолу, спрема Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сечејќи една чворлива штица некако наеднаш и изненадно му се скрши пилата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Го убија стрика Анѓела, на правдина, се провикнува наеднаш и наеднаш замолчува, ги гледа луѓето измрзнати, лути и завеани, и сам изѕемнат, лут и сиот завеан со снег и се двоуми дали да продолжи да зборува и да им го каже тоа што го има на душата, што му е, што му тежи на срцето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Па за да провери уште еднаш што може, а што не може, смисли наеднаш и добрина и лошина.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)